hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Рекорд на голови и ново доближување до титулата

nodesbo barca foto

Барселона - Бидасоа Ирун 47:28 (25:12)

Во уште еден меч кој наликуваше на претходните, Барселона се доближи на уште еден чекор до математичко освојување на нова титула. Против повратникот во ASOBAL лигата, Бидасоа Ирун, Лазаров и другарите одиграа пак рутински и тоа беше доволно за нова победа и ведра атмосфера пред стартот на елиминационите мечеви во Лигата на шампионите. Пења и Караско од крилните позиции добро го отворија мечот за баскијците (1:2).

Нашиот Лазаров одлично возврати за Барса. Точно додаваше за Сорондо и за Саубич, а во 9 минута го постигна и првиот гол за 7:2 за фаворитот. Првите голови на Рутенка и нов гол на Арињо, во централната фаза на полувремето на Барселона му донесоа комоција и игра како на тренинг (11:5). Комбинаторната игра на момците на Пасквал и головите на кружните напаѓачи Сорондо и Нодесбо, ги разбиваа само по некој инвидуален потег на Караско или Пења (15:8). Швеѓанецот Филип Калман погоди три пати во серија од 20 до 22 минута за Бидасоа, а одговори Гурбиндо со првиот гол за 18:9. Во игра со подобри напади од одбрани, до крајот на првиот дел, каталонците го разиграа и Карабатиќ, контра погоди и Страновски, низ одбраната „стрелаше„ и Раул Ентрериос и на полувреме домашната екипа имаше 25:12.

Македонскиот интернационалец Кирил Лазаров супер мотивирано го почна вториот дел и во само 5 минути ја „изрешета„ мрежата на Асиер Ајербе. Во неполни 6 минути, Лазаров погоди четири пати и тоа главно од позициони акции, а асистираше и за голот на Нодесбо за 31:12. Дебаклот кој ќе ја снајде Бидасоа Ирун беше „сервиран„ Пења инспириран погодуваше за гостите, а целиот домашен ростер полека се разигра. Нодесбо ги собираше скоро сите топки на линијата, а гостинските голмани скоро и ништо да не одбранија. Дури и Виран Морос, кој игра само во одбрана, погоди низ транзиција за 47:27. Мечот го затвори Сергеј Рутенка со последниот 47 гол на 45 секунди до крајот. Барселона постигна рекорден број на голови, и во просек погодуваше на 87 секунди. Во победничката екипа Нодесбо и Рутенка постигнаа по 7 пати, Лазаров беше автор на 6 гола, а придодаде уште 3 асистенции. Робин со 10 одбрани го имаше најдобриот меч, откако дојде да го замени повредениот Штербик. Кај Бидасоа Ирун, Пења и Филип Калман постигнаа по 5, а Караско 4 гола. Барселона дојде до 23 победа од исто толку натпревари и на мир го подготвува гостувањето кај Алборг во Лигата на шампионите в недела.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share