
По одигрувањето на мечевите од четврфиналето познати се сите четири екипи кои на 3 и 4 мај оваа година ќе се борат за титулата од Купот на шпанскиот Крал во ракомет. Титулата од лани ја брани Атлетико Мадрид со Кирил Лазаров во тимот, откако ја совлада екипата на Натурхаус ла Роха во финалето во Логроњо.
Барселона, Хуеска, Хелветиа Анаитасума и Грањолерс се четирите екипи кои ќе се борат за трофејот. Интересно е што овие четири екипи овој викенд играат меѓу себе во натпревари од ASOBAL лигата. Дополнително ќе биде одреден терминот за ждрепката и местото каде ќе се одржи турнирот од Купот на Кралот.