hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

В петок во Варшава ждрепка за квалификациите за ЕУРО 2016

MENS EHF EURO 2016 POLAND2

Наредниот четврток во 11:30 во просториите на полскиот Олимписки Комитет во Варшава ќе се изврши ждрепката за квалификациите за европското првенство во Полска во 2016 година. Наредниот континентален собир, кој Полска го доби во конкуренција на Хрватска и Норвешка, ќе се одржи во јануари 2016 година во Гдањск, Катовице, Воцлав, Краков и Лоџ.

ЕХФ набргу ќе го објави и распоредот на квалитативните групи, по кои ќе се изврши ждрепката и ќе бидат познати и можните противници на македонската репрезентација. По 5 место во Србија во 2012 и 10 во Данска оваа 2014 година, нашата репрезентација ќе бара трето последователно учество на континенталниот собир.

Share