hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров најдобар, Барса првак на Шпанија

barca asobal campeon

Барселона - Арагон 48:22 (22:8)

Победа и во 26 натпревар од шпанската ASOBAL лига и математичка верификација на четвртата последователна титула на Барселона. Во мечот против Арагон, Лазаров и другарите не дозволија во ниту еден момент гостите од Сарагоза да им ја расипат забавата. По првите три напади веќе беше 3:0 за домаќините со лесни голови на Сармиенто, Томас и Хуанин Гарсија. Бековите на Арагон, Љоренте и Гарсија со два гола го доближија својот тим до 4:3 на истекот од 6 минута.

Но квалитетот на старо-новиот првак беше видлив во секој момент, во секоја акција. Така Нодесбо од линијата и Хуанин Гарсија пак преку лесна контра во 12 минута зголемуваат на 8:4. Звездите на Пасквал фаќаа ритам во централната фаза на полувремето. Така Карабатиќ погоди за прв пат во 12 , а Лазаров во 18 минута за 12:7. До одморот македонскиот интернационалец погоди уште три пати и тоа на разновиден начин. И од казнен удар и од контранапад и на поставена одбрана. При 13:8 во 19 минута во периодот кога влезе Лазаров, Барса направи неверојатна серија од 12 минути без примен гол и од 13:8, резултатот порасна на 22:8.Покрај Лазаров и французинот Седрик Сорондо имаше своја мини-серија за огромни +14 на полувреме.

Вториот дел почна со гол на Алварез, по скоро половина полувреме пост на ракометарите на Арагон. Но сега се разигра Карабатиќ и со три гола во четири последователни акции, Барса отиде на неверојатно високи 29:11. Арагон со головите на Бенито и контрата на Љоренте, фати ритам, но пак во игра влезе Лазаров и Барса одпочна нова серија. Леворакиот бомбардер погоди уште два пати преку блокот за 32:15 во 41 минута. Само Мигуел Клаверија Бенито постигна гол во интервал од 7 минути, а славјето во „Палау Блауграна„ полека се комплетираше. Погоди Раул Ентрериос, па Лазаров по седми пат од исто толку обиди, а првите голови ги постигна и Сергеј Рутенка (37:19). Играта стана како на ревијален натпревар и сите домашни ракометари полека се запишуваа меѓу стрелците. Гурбиндо и Балагер Ромеу со своите први голови ја „раситнаа„ четириесетката во 53 минута.

Атракцијата кулминираше со головите на Хуанин Гарсија и Сергеј Рутенка за 42:20 на 5 минути до крајот. Само Мигуел Клаверија Бенито сеуште им парираше на домаќините, кои како на тренинг ја полнеа мрежата на Арагон. Во последните две минути Барса постигна 4 неодговорени гола и ја заврши забавата со неверојатно убедливи 48:22. Рутенка и Хуанин Гарсија ја завршија симултанката на Барса за потврда на 21 титула, 13 во ерата ASOBAL. На оваа средба најефикасен беше Лазаров со 7 гола без промашување. Како и македонецот 7 гола постигна и Хуанин Гарсија, а по 5 додадоа Карабатиќ и Рутенка. Мигуел Клавериа Бенито со 7 гола најсветла точка во тимот на Арагон. На четири кола до крајот Барселона ја потврди титулата и сега ќе игра за максимални 60 бода и израмнување на постигањето на Сиудад Реал пред 6 години.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share