
Македонскиот репрезентативец и капитен на шампионот Вардар, Филип Лазаров вчера во ресторан во родното Свети Николе ја побара за жена својата девојка Билјана. Официјалната страна на Кирил Лазаров им посакува на Филип и Билјана многу среќа во пoнатамошниот заеднички живот. Тие во блиска иднина очекуваат и принова. Негов кум ќе биде соиграчот од Вардар и македонската репрезентација Стојанче Стоилов.
Вчера од Барселона допатува и неговиот брат и капитенот на националната репрезентација, Кирил Лазаров кој во овие убави моменти ќе биде покрај Филип и во кругот на семејството и пријателите. А од понеделник и Филип и Кирил пак назад во професионалните обврски во своите клубови.