Тунис го освои „Жолтиот Куп„ во Винтертур
![]()
Од Винтертур пристигна силна опомена за македонската ракометна репрезентација. Тунис забележа нов триумф на подготовките пред Светското првенство во Катар исо 26:24 (15:9) ја победи Швајцарија и го освои „Жолтиот Куп„. Откако претходно славеа над Словачка и Белорусија, тунижаните на селекторот Хасанефендиќ го добија и нашиот ривал од евро-квалификациите. На Мундијалот во Катар, Македонија првиот меч ќе го одигра токму против Тунис на 16 јануари.
Босанските ракометари веќе пристигнаа во Катар
![]()
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина денес отпатува за Катар каде ќе ги одработи главните подготовки пред почетокот на првенството. Селекторот на еден од противниците на Македонија, Драган Марковиќ во Катар одпатува со 20 ракометари, а од нив 18 ќе ги пријави во официјалните мечеви.
Тунис ја „среди„ и Словачка и ќе се бори за трофејот со домаќиниот
![]()
Првиот мундијалски противник на Лазаров и соиграчите, ракометарите на Тунис ја забележаа и втората победа на меѓународниот турнир „Жолтиот Куп'' кој се одржува во Швајцарија. Селекцијата на Тунис откако ја победи Белорусија со 34:30, во саботата попладне во Винтертур славеше победа и против репрезентацијата на Словачка со 28:27 (12:13).
Тунис и Швајцарија со победи го отворија „Жолтиот Куп„
![]()
Во Винтертур вчера почна 43 издание на “Жолтиот Куп“ на кој покрај Тунис, кој е наш противник на мундијалот учествуваат и селекциите на Швајцарија (наш ривал во евро-квалификациите), Белорусија и на Словачка. Во првото коло Тунис ја совлада Белорусија со 34:30, а Швајцарија беше подобра од Словачка со 31:29.Најдобри стрелци кај Тунис беа Ваел Жалуз со 8 гола, Усама Буганми постигна 7, а Ајмен Хамед беше автор на 6 гола.
Лазаров и Ристовски на иста фрекфенција
![]()
Во напоредното интервју за „Македонски спорт„ најискусните македонски репрзентативци Кирил Лазаров и Борко Ристовски говорат за нивниот однос, за нивното другарство кое трае скоро колку нивните кариери. Заедничката репрезентативна приказна на капитенот Кирил Лазаров и голманот Борко Ристовски почнува пред 15 години, кога во 2000 за првпат се соиграчи во јуниорската селекција на Европското првенство во Атина.
Хасанефендиќ го повика Меганем за мундијалот во Катар
![]()
Селекторот на репрезентацијата на Тунис, нашиот противник во групата на мундијалот, Сеад Хасанефендиќ го објави списокот на ракометари кои ќе настапат на Светското првенство во Катар. Впечатливо е враќањето на ветеранот Хајкел Меганем, кој во 2012 година се повлече по Олимписките игри во Лондон, но сега во 37 година се враќа и кариерата ќе ја заврши по ова првенство. На списокот на Хасанефендиќ се наоѓаат:
Палмарсон бизарно нападнат, но ќе игра на мундијалот
![]()
Еден од главните адути на исландаката репрезентација на светското првенство во Катар, ракометарот на Кил, Арон Палмарсон имаше необична незгода и повреда на последниот ден од старата 2014 година. Палмарсон и негов роднина биле нападнати од два странци при влезот во такси. Нанесени му се повреди на лицето, а најлошо мина зигоматичната коска од десната страна.
Лазаров за СПОРТМЕДИА: „Сакам да играм на Олимпијада како Македонец, не како Шпанец„
![]()
Кирил Лазаров и во 2014 беше предводник на репрезентацијата, а со Барселона освои шест нови титули и „бомбардираше" низ Шпанија, по Европа, па дури и во Катар прикажувајќи партии врвни и за европски стандарди. Повторно постави пример како треба да изгледа еден врвен македонски спортист и затоа заслужи во изборот на „Спортмедиа„ да биде прогласен за најдобар спортист за 2014 година. Во опширното интервју најдобриот македонски ракометар ги анализираше сите детали за неговата ракометна година:
Лазаров за „Телеграф„: „Македонија ја гледам рамо до рамо со фаворитите„
![]()
Во интервјуто за „Телеграф„ капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров ги потврди високите амбиции на црвено-жолтите во Катар. Исто така ракометарот на Барселона потврди дека во ваков турнирски систем многу е важно да се биде подготвен во нокаут - фазата:
Израел „прегазен„ во затворениот тест
![]()
Ракометната репрезентација на Македонија забележа и втора победа над Израел на затворениот тест во СЦ „Јане Сандански„ во Скопје. Овој пат црвено-жолтите славеа со 42:32 во регуларниот тек од мечот. Потоа беше одиграно уште едно мини - полувреме од 20 минути, во кое исто така Македонија беше подобра со 11:9.




