hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Палмарсон бизарно нападнат, но ќе игра на мундијалот

palmarson

Еден од главните адути на исландаката репрезентација на светското првенство во Катар, ракометарот на Кил, Арон Палмарсон имаше необична незгода и повреда на последниот ден од старата 2014 година. Палмарсон и негов роднина биле нападнати од два странци при влезот во такси. Нанесени му се повреди на лицето, а најлошо мина зигоматичната коска од десната страна.

Палмарсон треба да мирува деновиве и нема да се јави на 2 јануари на собирот на исландската репрезентација и ќе го пропушти пријателскиот меч со Германија овој викенд. Сепак селекторот Арон Кристјансон потврди дека Палмарсон ќе биде подготвен за 16 јануари, кога Исланд дебитира на мундијалот.

Share