Германскиот репрезентативец Фин Лемке доживеа скршеница на раката на вчерашниот меч на неговиот Лемго против Мелсунгем и нема да настапи на светското првенство во Катар. Неговата пауза ќе изнесува 6 до 8 недели и Германија на големиот самит остана без првиот избор за лев бек.
Претходно оваа селекција, која со вајлд-карта ќе патува на светското првенство, заради повреда остана без Михаел Краус и Холгер Гландорф.