Највисоки селекции се Полска и Германија, а ракометар Копљар
Хрватот Марко Копљар е највисокиот ракометар на светското првенство, а убедливо најниски се ракометарите од Саудиска Арабија. Просечно Полска и Германија, кои играат во иста група и веќе го одиграа меѓусебниот дуел се највисоките репрезентации на светското првенство.
Македонија највозрасна, чехот Билик најмлад учесник на мундијалот
Македонија со просечна возраст од 30,2 години е највозрасната селекција на првенството. Зад неа е Шпанија со просек од 29,6 години, па Словенија и Полска кои настапуваат со ракометари со просечна возраст од 29,2 години. Ренато Вугринец е меѓу највозрасните учесници на мундијалот и со своите 39 години е на третото место во оваа категорија.
Хрватските и исландските стручњаци најзастапени во Катар
На мундијалот во Катар балканските селектори се најзастапени. Тројца Хрвати, двајца Словенци и по еден Босанец и Црногорец стојат на кормилата на седум ракометни селекции. Со три селекторски места е застапен и Исланд, а Шпанија партиципира со двајца. Од Хрватите, во групата Б, Славко Голужа ја предводи Хрватска, Ивица Обрван ги води македонските ракометари, а Сеад Хасанефендиќ долги години е предводник на Тунис.
ВИДЕО: Миркуловски: „Алудиравме да не потцениваме, но не бевме вистински„
Многу важен елемент по мечот со Босна и Херцеговина е тоа што нашите ракометари се свесни дека беа далеку од своето издание и на нивните лица можеше да се види резервирана среќа. Податокот дека победата е остварена со ни 50% од своите можности, премногу технички грешки и конфузија, може да биде колку лош, толку и добар предзнак. Ако не можеме да победуваме како големите сили, кои за вакви натпревари не се испотуваат, тогаш барем да ја научиме лекцијата. Токму овој вид на заклучок можеше да се прочита од зборовите на Миркуловски, кој делува зрело и многу, многу солидно:
Обрван: „Не бевме добри, но сите треба да го почувствуваат системот„
Критични расположен кон колективот, но и доследен на своите идеи, селекторот Ивица Обрван ги пофали таканаречените „втори линии„ и истакна дека проблемот не беше во ротацијата туку во максимумот, кој како тим не го дадовме попладнево во Доха. Иран се охрабри, имаше свои моменти, но победникот не беше доведен во прашање, меѓу другото и заради влегувањето во игра на триото Лазаров - Миркулоски - Мојсоски:
Босна пак со само едно полувреме, прва победа за Австрија
Австрија - Б и Х 23:21 (11:12)
Австрија се опорави по поразот од Хрватска и ја совлада Босна и Херцеговина со 23:21 во еден изедначен натпревар, кој австријците го „скршија„ во втората половина на вториот дел и како во квалификациите за ЕУРО 2012 и вој пат беа подобри од плаво-жолтите.
Катар со одличниот Марковиќ, крилата ја спасуваа Хрватска
Носителот на фаворитската улога во нашата група, репрезентацијата на Хрватска, успеа да ја забележи втората победа на светскиот шампионат во Катар, oткако денес во „Духаил арената„ го совлада Тунис со 28:25. Момците на Голужа и тоа како можеа да настрадаат против разновидната игра на африканскиот вицешампион. Тунижаните успеаја да го наметнат својот стил на игра, па натпреварот во поголемиот дел беше крајно неизвесен, со голема борба и агресивна игра пред двата гола. Хрватите водеа и со 6:2 во првиот дел, но по првите 30 минути резултатот беше само 14:13.
ВИДЕО: Георгиевски: „Не бевме сјајни, но ја исполнивме целта„
Гоце Георгиевски посебно во првиот дел најбрзо трчаше во контранапади и ги користеше додавањата на Петар Ангелов. Позитивно е што и самиот е свесен дека Македонија не беше како што треба да биде и дека освен резултатот нема кој знае што позитивно да се издвои од мечот со иранците:
ВИДЕО: Недановски: „Драги ми се головите, но посебно победата„
Повикувањето на Владо Недановски на местото на Гоце Ојлески значеше дополнителен ракометар во ротација во двата правци, но и можност мотивираното крило да „одскокне„ на овој мундијал. Така и беше во второто полувреме на мечот со Иран, кога Недановски даде голем придонес во победата и се наметнува пред останатите три натпревари во групата:
Прв часовник за Кирил Лазаров во Доха
Нашиот капитен влезе во игра во 20 минута и до одморот нанижа 4 гола. Успешно релизираше од седум метри и асистираше и во продолжението, па мечот го заврши со 9 гола. Подоцна го доби признанието за најдобар наш ракометар на средбата, што е прв негов часовник на ова светско првенство.