ВИДЕО: Н. Мојсоски: „Работев напорно, ослабев 5-6 колограми и ја надминав бариерата„
Мечот со Тунис и нивните горостаси, со нивната агресивна, во првото полувреме и груба игра беше сериозен испит и за нашиот организатор Наумче Мојсоски. Нешто повеќе од една година од неговата сериозна повреда во дресот на Металург, стружанецот се врати во вистински момент и не се штедеше во најважниот меч во групната фаза во Доха. Мојсоски колку што се радуваше за победата на тимот, по мечот беше среќен и што уште еднаш покажа дека ова е нов негов почеток, а на репрезентацијата и тоа како му е потребен:
Мачек: „Ако не добиеме термини за нормален тренинг, немаме шанси со Македонија„
Нешто слично како Ивица Обрван пред два дена и селекторот на Иран. Борут Мачек се пожали на хаотичниот распоред на тренинзи на светското првенство. Преместувањето од сала во сала, неизвесноста до последен момент, лошите термини кои најчесто не кореспондираат со мечевите кои следат повеќе го изнервираа Мачек од самиот пораз од Босна:
Лазаров слуша „Македонија„ од Дадо Топиќ и „бомбардира во Доха
Големата Барселона ги следи своите ракометари кои учествуваат на светското првенство, а ги има дури 12, скоро сите професионалци во погонот на Пасквал. Така на својата официјална веб страна направи мала забавна анкета, во која ги праша своите ракометари која музика ја слушаат на своите телефони за време на првенството во Катар.
По Чупиќ, Лазаров е втор најдобар стрелец по првото коло
Како и на европското првенство кога на дебито ја „наполни„ домашната Данска, Кирил Лазаров во голем стил го стартуваше и мундијалот. Со десет погодоци при убедливиот триумф над Тунис, македонскиот капитен е втор најдобар стрелец по првото коло зад Иван Чупиќ.
Сензацијата се вика Аргентина, сигурни победи на Франција и Шведска
Изненадувањето во првото коло од групната фаза на СП во Катар му се случи на Данска, која одигра нерешено против селекцијата на Аргентина. Скандинавците имаа 3 гола предност на 4 минути до крајот, но „гаучосите„ веруваа до пресврт и го комплетираа со гол за реми во последната минута.
Хрватска се мачеше, Германија му се реваншира на Полска
Тандемот Генсхајмер - Вајндхолм успеа да им се реваншира на полските ракометари за поразот во квалификациите и Германија ја совлада Полска во со 29:26 (17:13) во мечот кој во „Лусаил арената„ се играше веднаш по нашиот со Тунис. Скопските судии Николов и Начевски го водеа мечот во кој Германија многу подобро ги исконтролира емоциите и со видно подмладен тим успеа да оствари многу значајна победа.
ВИДЕО: Хасанефендиќ: „Македонија има искуство, има и звезди, го сруши нашиот сон„
Искусниот стручњак на клупата на Тунис, Сеад Хасанефендиќ на средбата со новинарите по мечот се сложи дека Македонија беше подобар и единствен противник кој ја заслужи победата. Делуваше загрижено со оглед на тоа што по Македонија им следи, Хрватска, но не пропушти да ги наполни со комплименти нашите ракометари:
ВИДЕО: Миркуловски: „Ќотекот не не уплаши, само вака да продолжиме„
Ниту грубата игра пред се во првото полувреме не го уплашија Филип Миркуловски, кој одигра меч преполн со жртвување, квалитет и квантитет. Максимално ја користеше секоја топка, секое парче простор од „Лусаил арената„ во Доха:
ВИДЕО: Манасков: „Бевме дисциплинирани и во двата правци„
Од натпревар во натпревар забележлив е напредокот кај Дејан Манасков, кој против Тунис покажа концентрација при одлучувачките моменти и постигна 6 гола од исто толку обиди. Зрелоста може да се почувствува и во неговите зборови по победата:
Првиот часовник за Дејан Манасков
Како и на претходниот мундијал, најдобриот ракометар на средбата добива рачен часовник од организаторот, како награда и сеќавање за овие 60 минути. По бербата на часовници на Борко Ристовски и Кирил Лазаров во Шпанија, наградата на мечот со Тунис отиде во рацете на Дејан Манасков.