Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов во голем стил го прославуваше секој гол и на крајот победата на македонските ракометари против Тунис. Тој и неговата сопруга и син како најверен навивач со многу емоции ги одгледа сите 60 минути и им донесе среќа на нашите ракометари. Иванов вчера допатува во Катар со своето семејство и ги охрабри ракометарите.