ВИДЕО: Миркуловски: „Ќотекот не не уплаши, само вака да продолжиме„
Ниту грубата игра пред се во првото полувреме не го уплашија Филип Миркуловски, кој одигра меч преполн со жртвување, квалитет и квантитет. Максимално ја користеше секоја топка, секое парче простор од „Лусаил арената„ во Доха:
„Многу години играме заедно и не подлегнуваме на провокации, жестока игра, ќотек. Јас сум навикнат да јадам ќотек и тоа не е проблем. Искрено, мило ми е што победивме, ама искрено не очекував полесно ќе триумфираме. Одигравме концентрирано и треба така да продолжиме. Ние тоа што се договоривме го исполнивме и сега не треба да се опуштаме. Ова е само прво коло, има уште четири меча и во секој треба да бидеме максимално подготвени. Утре играме со Иран и нема никакво опуштање. Максимално одиме на победа" истакна стрелецот на 6 гола од 7 обиди, Филип Миркуловски. Надворешната линија Миркуловски - Мојсоски - Лазаров го одигра скоро целиот меч и покажа неверојатни доблести, кои наведуваат да очекуваме големи работи.