Изненадувањето во првото коло од групната фаза на СП во Катар му се случи на Данска, која одигра нерешено против селекцијата на Аргентина. Скандинавците имаа 3 гола предност на 4 минути до крајот, но „гаучосите„ веруваа до пресврт и го комплетираа со гол за реми во последната минута.
Симоне со два гола во последните 100 секунди им донесе бод на јужноамериканците. Кај Данска најефикасен беше Егерт со 5 гола, а во аргентинскиот табор Федерико Пизаро со 8 гола беше убедливо најрасположениот. Во останатите мечеви од вечерниот термин постигнати се следните резултати:
Шведска - Исланд 24:16 (12:7)
Франција - Чешка 30:27 (16:9)