Како и на претходниот мундијал, најдобриот ракометар на средбата добива рачен часовник од организаторот, како награда и сеќавање за овие 60 минути. По бербата на часовници на Борко Ристовски и Кирил Лазаров во Шпанија, наградата на мечот со Тунис отиде во рацете на Дејан Манасков.
Младиот ракометар на Металург постигна 6 гола, даде голем придонес во играта во двата правци и е отсликување на нашата ширина на клупата на оваа средба. Скоро сите членови на стартната седморка можеа да ја добијат оваа награда, што може само да не радува. Да видиме кој ќе го добие вториот часовник.