Како и на европското првенство кога на дебито ја „наполни„ домашната Данска, Кирил Лазаров во голем стил го стартуваше и мундијалот. Со десет погодоци при убедливиот триумф над Тунис, македонскиот капитен е втор најдобар стрелец по првото коло зад Иван Чупиќ.
Хрватското крило против Австрија постигна 11 гола и се наоѓа на чело на листата на стрелците. Покрај Лазаров, десет гола на меч од првото коло постигна и Чилеанецот Родриго Салинас на дуелот против Словенија, а Словенецот Гајиќ погоди девет пати во противничкиот табор.