Репрезентацијата на Босна и Херцеговина денес отпатува за Катар каде ќе ги одработи главните подготовки пред почетокот на првенството. Селекторот на еден од противниците на Македонија, Драган Марковиќ во Катар одпатува со 20 ракометари, а од нив 18 ќе ги пријави во официјалните мечеви.
Босанците формата ќе ја темпираат низ турнирот од 6 до 9 јануари, на кој спаринг партнери ќе им бидат Катар и Португалија. Потоа од 9 јануари следува главниот и последен дел од подготовките пред почетокот на 15 јануари.