Во Винтертур вчера почна 43 издание на “Жолтиот Куп“ на кој покрај Тунис, кој е наш противник на мундијалот учествуваат и селекциите на Швајцарија (наш ривал во евро-квалификациите), Белорусија и на Словачка. Во првото коло Тунис ја совлада Белорусија со 34:30, а Швајцарија беше подобра од Словачка со 31:29.Најдобри стрелци кај Тунис беа Ваел Жалуз со 8 гола, Усама Буганми постигна 7, а Ајмен Хамед беше автор на 6 гола.
1 - коло
Швајцарија - Словачка 31:29 (16:18)
Тунис - Белорусија 34:30 (14:17)
2 - коло (03.01.2015)
18:00 часот: Словачка - Тунис
20:15 часот: Швајцарија - Белорусија
3 - коло (04.01.2015)
13:30 часот: Белорусија - Словачка
15:45 часот: Швајцарија - Тунис