Новајлиите во Барса желни за трофеи и нови докажувања
![]()
Веднаш по првата прозивка и првиот тренинг, Барселона официјално ги претстави своите први две засилувања за оваа сезона. Хрватот Марко Копљари полскиот кружен напаѓач, Камил Сипржак, заедно со тренерот Хавиер Пасквал зборуваа пред јавноста и новинарите и најавија нова плодна сезона.
По 58 дена одмор, стартуваше „машината„ на Барселона
![]()
Според агендата, ракометарите на Барселона утрово ги започнаа подготовките за новата натпреварувачка сезона. Со вкупно 18 ракометари , од кои 16 професионалци од првиот тим и два младински ракометари, Ревуелта и Маркез, тренерот Пасквал денес прозиваше по 58 дена пауза.
Барса утре стартува со подготовките и новите предизвици
![]()
Европскиот првак Барселона утре ги започнува подготовките за новата сезона, во која Лазаров и соиграчите ќе се обидат да ги одбранат седумте трофеи кои ги освоија минатата сезона. Според планот како и секоја година, првата недела каталонците ќе тренираат на Андора, каде ќе го минат најтешкиот, физичкиот дел од подготовките. Потоа следува периодот во кој Пасквал и ракометарите ќе тренираат во „Палау Блауграна„ и ќе почнат да играат контролни или турнирски натпревари.
Саубич на отстапка од две години во Аикс Провенс
![]()
Младото шпанско крило Јоан Саубич во наредните две сезони ќе го носи дресот на францускиот прволигаш Аикс Провенс. По позајмицата во сезоната 2017/18 година, планирано е ракометарот да се врати во Барселона. Саубич едел од академијата на Барселона од 2004 година. Дебитираше во ASOBAL лигата во сезоната 2009/10 за екипата на Хуеска, а идната сезона се врати во сениорскиот тим на Барселона.
Телефоника потпиша тригодишен договор со ASOBAL лигата
![]()
Шпанската компанија Телефоника потпиша тригодишен договор со ASOBAL закомплетно телевизиско покривање на шпанскиот ракомет во наредните три сезони. Договорот е важечки за сите натпреварувања на ASOBAL, почнувајќи од лигашките натпревари, ASOBAL Купот и Суперкупот и Купот на Кралот.
ВИДЕО: Лазаров и „Евроинс„ ги откриваат одличните седум
![]()
На денешната прес-конференција која се одржа во СЦ „Борис Трајковски", капитенот на македонскиот ракометен национален тим и член на Барселона, Кирил Лазаров и осигурителната компанија Евроинс го најавија својот заеднички проект кој вклучува потрага по 7-темина најталентирани ракометари од цела Македонија. За продолжување на соработката со Кирил Лазаров во проектот „Кирил Лазаров и Евроинс во потрага по Одличните 7", извршниот директор на Евроинс Осигурување, Јанко Николов изјави:
Фуксе Берлин доби вајлд-карта за IHF Суперглоб во Доха
![]()
Европа за прв пат ќе има три претставници на IHF Суперглоб турнирот за светска клубска титула, кој се одржува во Доха на почетокот на септември. Европскиот првак Барселона, вицешампионот Веспрем и победникот на ЕХФ Купот, Фуксе Берлин ќе ја преставуваат Европа.
Видео приказна за кариерата на Кирил Лазаров!
![]()
Јутјуб каналот на IP14 подготви специјално видео за македонскиот ракометари капитенот на националниот тим, Кирил Лазаров. Во видео материјалот од неполни 5 минути може да се пронајдат инсерти од целата кариера на звездата на Барселона, со посебен акцент на најуспешните моменти.
Трет роденден на официјалната веб страна на Кирил Лазаров
![]()
На денот на кој се спојуваат седумките по бројот на денови и месеци во годината, најдобрата светска седумка, Кирил Лазаров го слави третиот роденден на неговата официјална веб страна. На 7 јули 2012 година за прв пат во етерот се појави офијалниот медиум, кој ги сублимира сите ракометни настани, збиднувања, занимливости поврзани со ракометарот на Барселона и капитенот на македонската репрезентација.
Лазаров го загуби својот најдобар соиграч
![]()
31 годишниот француски интернационалец и најдобар светски ракометар за 2014 година, Никола Карабатиќ ја искористи клаузулата во договорот со Барселона и си замина од актуелниот европски првак. Тренерот на екипата Хавиер Пасквал потврди дека пред неколку недели, Карабатиќ им ја соопштил одлуката и на врвот на континентот си заминува од ASOBAL лигата.




