Лудо реми на Киелце и Барселона во Полска
![]()
Киелце - Барселона 30:30 (14:17)
Во реприза од минатогодишното полуфинале во Келн, денес во Полска се сретнаа првакот на оваа земја Киелце на Талант Душебаев и европскиот шампион, Барселона. Каталонците многу добро го почнаа мечот и со цврстата игра во одбрана, веднаш му ставија до знаење на противникот по што дојдоа во Полска. Томас одлично отвори, а ветеранот Јурецки одговараше со иста мера.
Познат скратениот список од 18 имиња за турнирот во Умаг
![]()
Репрезентацијата на Македонија во рамките на ЕХФ неделата ќе настапи на турнир во хрватскиот град Умаг, како дел од подготовките за настап на европското првенство во Полска. Турнирот ќе се игра во периодот од 6 до 8 ноември, на кој покрај Македонија и домаќинот Хрватска, ќе настапи и Црна Гора. Според предвидениот распоред, нашата селекција своите средби ќе ги игра во петок и во сабота. Обрван го објави списокот од 18 ракометари на кои смета за ЕХФ неделата:
Победа на рутина и нов рекорд за Барса водена од Лазаров
![]()
Барселона - Сиудад Енкантада 34:21 (18:9)
Ракометарите на Барселона според очекувањата остварија уште една победа во шпанската ASOBAL лига и го срушија рекордот на Сиудад Реал по бројот на последователни победи во домашното натпреварување. Против Сиудад Енкантада од Валенсија, водени од Лазаров, европските прваци забележаа нова победа, која е 68 во низа и серијата скоро сигурно уште повеќе ќе расте.
Лазаров: „Нема стари и млади, туку добри и лоши“
![]()
Откако одработи еден рекорд, Кирил Лазаров вечерва најверојатно ќе биде актер и на уште еден. Ако Барселона ја добие екипата на Сиудад Енкантада во „Палау Блауграна" ќе наниже 67 врзани победи и ќе го мине Сиудад Реал по бројот на последователни триумфи во ASOBAL ерата. Во опширното интервју за „Мундо Депортиво" , Македонецот говореше за можноста за уште еден рекорд и за што уште многу спортски теми.
Македонија дел од „Хепи купот“ во Умаг во ноември
![]()
Македонската машка ракометна репрезентација ќе настапи на пријателски турнир во Хрватска за време на ЕХФ неделата на почетокот од следниот месец. Македонија ќе го отвори пријателскиот турнир „Хепи куп" во Умаг против Хрватска на 6 ноември. а следниот ден ќе игра против Црна Гора.
Лазаров пак стартува одлично: 28 гола на 4 меча
![]()
По првите четири кола од Лигата на шампионите само четврорица ракометари имаат преку 30 гола и се наоѓаат на врвот на листата на стрелците. Водечки се Данецот Хансен и Австриецот Божовиќ со по 35 гола, а Кирил Лазаров кој минатата сезона беше втор стрелец веднаш зад Момир Илиќ од Веспрем и оваа сезона одлично стартуваше и има 28 гола на четири меча и одличен скор на постигнати голови на одиграни минути.
„Машината Лазаров го прегази“ Монпеље
![]()
Барселона - Монпеље 37:27 (19:12)
Според очекувањата Барселона од натпревар во натпревар игра се подобро и ја подига формата како одминуваат натпреварите. Со фантастичниот Кирил Лазаров, кој блескаше во текот на целиот меч, европскиот првак можеби и полесно од предвиденото го совлада вицешампионот на Франција, Монпеље со 37:27.
Ветеранот Оландрер е нов голман на Барселона
![]()
Голманот на Барселона и на репрезетацијата на Катар ќе го напушти клубот за репрезентативните на азиските квалификации за Олимписките игри. Шариќ ќе пропушти шест меча на Барселона, а за да ја пополни празнината, шпанскиот првак го ангажираше 39 годишниот Фредерик Оландер, кој минатата година замина во пензија.
Лазаров: „Имаме таленти, но ни недостигаат учители“
![]()
По повод јубилејот од 1000 голови во европските купови, дневниот весник „Нова Македонија" направи интервју со капитенот на нашата репрезентација, Кирил Лазаров. Македонија е природен инкубатор за ракометни таленти. Полека но сигурно напредуваме на ракометен план. Добро е што сме свесни дека можеме, но и дека сѐ уште заостануваме зад најдобрите. Последниве години е зголемена масовноста, и тоа го гледам како одлична можност за селекција на квалитет, изјави, меѓу другото, Кирил Лазаров, првиот светски ракометар со 1000 гола во Лигата на шампионите (ЛШ), во ексклузивниот разговор за „Нова Македонија".
Барса „меле“ Лазаров блеска, израмнет уште еден рекорд
![]()
Синфин - Барселона 28:37 (15:19)
Новиот прволигаш Синфин од Сантандер ја наполни својата сала во Кантабрија за гостувањето на европскиот првак Барселона, која е во постојан прогрес на формата. По првите три изедначувања, Кирил Лазаров погоди за 3:4 во 6 минута. Токму од таа страна доаѓаше најголемата опасност по Адам Савиќ, па по два гола постигнаа и Лазаров и Копљар за 4:8 во 12 минута. Хереро Лон со два гола ја прекинуваше монотонијата од реализации на фаворитот. Но Јиха и Сорондо најчестата предност од 4-5 гола ја однесоа на одмор (15:19).




