Лазаров во тимот на колото во Лигата на шампионите
![]()
Најдобриот стрелец на Барселона, Кире Лазаров беше избран за најдобар десен бек во 10 коло од Лигата на шампионите, откако постигна дури 12 гола на дуелот со Кјелце. Друштво на Лазаров на надворешните позиции во идеалниот тим му прават Даниел Нарсис од ПСЖ и Деан Бомбач од Пик Сегедин.
„Волшебниот“ Лазаров недоволен за победа над Киелце
![]()
Барселона – Киелце 31:33 (19:16)
Во многу убав амбиент во „Палау Блауграна" Барса и Киелце играа во реприза од ланското полуфинале, а во игра беше првото место во групата. Првакот на Европа одлично го отвори мечот и со три ефектни гола на Кирил Лазаров, домаќинот поведе со 6:2 во 7 минута.
Лазаров пак најдобар светски десен бек и пак во идеалниот тим
![]()
Македонскиот репрезентативен капитен, Кирил Лазаров повторно е избран за најдобар десен бек во светот и пак е во идеалниот тим и за оваа година. Во годината на седум трофеи со Барселона, европската титула и голот со кој прв влезе во клубот 1000 на Лигата на шампионите, ракометарот на Барселона доби 54% од гласовите на неговата позиција. Тоа е скоро двојно повеќе од гласовите на Ласло Наџи, а на третото и четвртото место завршија Алекс Душебаев и Жарко Марковиќ. Лазаров доби 73 гласа и заврши на третото место во генералниот избор за најдобар ракометар, каде победник како и минатата година е Никола Карабатиќ со 136, а второпласиран, Микел Хансен со 90 гласа. Вака изгледа идеалниот тим на „Планет Хендбал" за 2015 година.
ВИДЕО: Тронот е наш, дојди в сабота во „Палау“ да го браниме!
![]()
Барселона не препушта ништо на случајноста. Пред неколку недели започна снимањето на видео спот, кој треба да биде мотивација за цела сезона, во која континентот ќе се обиде да ја симне круната од „главата" на Каталонците. Видео спотот е комплетиран по монтажата и денес е промовиран.
Второто полувреме доволно да се сруши Вила де Аранда
![]()
Барселона - Вила де Аранда 38:26 (13:14)
Победничката серија на Барселона во ASOBAL лигата продолжува. Само 48 часа по мечот со Колдинг Копенхаген во меч кој беше со нешто помал интензитет од европските, во „Палау Блауграна" падна и Вила де Аранда. По првото полувреме видливо беше дека фаворитот игра со половина интензитет и овој период од мечот гостите го добија со 13:14. Силно мотивирани и водени од Фигуероа и Кабесон, гостите водеа во овој период од мечот, а голманот Рангел бранеше се подобро.
Пак Жалуз и Лазаров во елемент за нова евро-победа на шампионот
![]()
Колдинг - Барселона 28:36 (15:16)
Во Барселона тимот на Колдинг Копенхаген му создаде многу проблеми на европскиот првак, и денес во Скандинавија долго време, скоро три четвртини од мечот, одолеваше, но на крај мораше да капитулира (28:36).
Лазаров носи тешка победа во Леон и апсолутен рекорд на Барса во шпанската лига
![]()
Адемар Леон - Барселона 33:37 (18:20)
На теренот на лутиот ривал, Адемар Леон, првакот на Шпанија, Барселона испиша нова страница во шпанскиот ракомет. Победата во северна Шпанија е нов рекорд по бројот на последователни победи во првенството на оваа земја, надминувајќи ги 72 последователни победи на Грањолерс, уште пред повеќе од 20 години. Откако пред шест недели го соборија рекордот на Сиудад Реал по бројот на победи во ASOBAL лигата, сега каталонците се навратија и неколку години наназад за да постават резултат кој тешко дека ќе биде во догледно време подобрен.
Жалуз доби нов договор по двата одлични меча со Вардар
![]()
Одличниот бек од Тунис Ваел Жалуз, доби нов договор со европскиот првак Барселона, само два дена по мечот со Вардар во Скопје, во рамките на Лигата на шамионите. Жалуз во двете пресметки со „црвени-црните" постигна вкупно 20 гола (сите од игра), што беше повеќе од добар показетел Барселона да ги осигура неговите услуги на подолг период.
Пионерите на РК Лазарови слават кај Металург и не го даваат врвот
![]()
Пионерите РК Лазарови се зацврстија на врвот на табелата во шампионатот на оваа возрасна категорија на Македонија по победата во Скопје против Металург со резултат 15:18 (10:9). Посебно со добра игра во второто полувреме, гостите од Свети Николе водени од Стојков, кој постигна 6 гола дојдоа до победа.
Лазаров: Покажавме карактер, тешко некој да победи на овој терен
![]()
Победата на Барселона во Скопје широко им ги отвори вратите на европскиот првак кон првото место во групата. Овој триумф остави видно задоволство кај гостинскиот табор на средбата со новинарите. Кирил Лазаров во името на гостинскиот табор ги истакна причините за победата на неговиот тим.




