Победена Црна Гора и во вториот тест, Лазаров и Борко Ристовски одмараа
![]()
Македонија – Црна Гора 29:26 (13:11)
Со две победи и два нерешени резултати, македонската ракометна репрезентација патува за Краков, каде од петок ги почнува натпревари на европското првенство во Полска. Избраниците на Ивица Обрван и во вториот натпревар ја совладаа Црна Гора со 29:26 (13:11) во меч од затворен тип во СРЦ „Кале" во Скопје. На овој натпревар одмор доби капитенот Кирил Лазаров, а повторно нашите момци делуваа хомогено и многу позрело од противникот.
Лазаров: Одиме во Краков по најмалку шест натпревари
![]()
По победата во првиот од двата тест меча на македонската ракометна репрезентавија против Црна Гора оптимизмот пред заминуњето во Краков дополнително порасна и нашите ракометраи веруваат во нешто големо.
Македонија спремна оди за Полска: Победена Црна Гора со атрактивна игра
![]()
Македонија – Црна Гора 35:28 (19:14)
Во исполнетата спортска сала „Кале" дуелот на Македонија и Црна Гора требаше да ги заокружи добрите подготовки на нашите репрезентативци. Капитенот Кирил Лазаров од седмерец го отвори резултатот по само 50 секунди. Грбовиќ по скоро 4 минути го постигна првиот гол за гостите и намали на 2:1.
Честит Божик!
![]()
Официјалната веб страна на Кирил Лазаров (www.lazarovkiril7.com) на сите граѓани на Република Македонија, на сите вљубеници во спортот и сите читатели на оваа веб страна им ги честита Божиќните празници, со желба за добро здравје и успех во сите сфери на животот, посебно во спортот.
Словенциите се спасија од пораз, реми на нашите ракометари во Цеље
![]()
Словенија – Македонија 23:23 (13:12)
И во вториот пријателски натпревар, Словенија и Македонија ремизираа во подготовките за европското првенство во Полска (23:23). Во салата во Цеље овој пат Словенија спасуваше реми, откако на 8 минути до крајот, Македонија водеше со 23:20. Мечот почна со цврсти одбрани и добар влез за нашите ракометари кои со голот на Костески поведоа со 0:1. Филип Лазаров исто така добро го отвори мечот, но по 1:3, следеше мини-серија на словенечките ракометари кои поведоа со 5:4 со головите на Кавтичник и Бомбач. Македонија одговори со првиот гол на Кирил Лазаров и на брзите крила и при 8:10, Веселин Вујовиќ побара тајм-аут. Словенечките ракометари ги средија своите редови и со головите на Бомбач во финишот на првиот дел обезбедија минимална предност (13:12).
Македонија покажа карактер, Лазаров извлече реми
![]()
Словенија – Македонија 28:28 (13:10)
Македонската ракометна репрезентација ремизираше 28:28 (13:10) во Кршко со Словенија на Веселин Вујовиќ во првиот од двата контролни натпревари во подготвителниот период за европското првенство во Полска. Нашите ракометари покажаа карактер и во финишот се вратија од безизлезна ситуација да извлечат нерешен резултат со незгодната и квалитетна Словенија.
ВИДЕО: Лазаров со новогодишно интервју за „Бекстејџ“
![]()
Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров се претстави во малку поинакво издание во новогодишното интервју за „Бекстејџ".
ФОТО: Промовирани медалите за ЕУРО 2016
![]()
Домаќинот на следното европско првенство во ракомет, Полска синоќа на официјална прес-конференција во Краков, каде ќе се играат и завршните натпревари, ги промовираше медалите што ќе им припаднат на најдобрите селекции на континенталниот шампионат.
Ракометарите пристигнаа во Словенија на двоен тест меч
![]()
Машката ракометна репрезентација на Македонија синоќа пристигна во Словенија каде со два тест натпревари против домаќинотводен од Веселин Вујовиќ ќе ги продолжи подготовките за Европското Првенство во Полска, кое почнува на 15 јануари.
Србија и Романија ремизираа во контролен меч во Белград
![]()
Србија на Дејан Периќ синоќа во Белград го одигра првиот контролен натпревар во подготовките за континенталниот собир. Србија ремизираше со Романија 30:30 (13:17) во нервозен меч со многу исклучувања, но и многу голови.




