hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Второто полувреме доволно да се сруши Вила де Аранда

barca - vila de aranda1

Барселона - Вила де Аранда 38:26 (13:14)

Победничката серија на Барселона во ASOBAL лигата продолжува. Само 48 часа по мечот со Колдинг Копенхаген во меч кој беше со нешто помал интензитет од европските, во „Палау Блауграна" падна и Вила де Аранда. По првото полувреме видливо беше дека фаворитот игра со половина интензитет и овој период од мечот гостите го добија со 13:14. Силно мотивирани и водени од Фигуероа и Кабесон, гостите водеа во овој период од мечот, а голманот Рангел бранеше се подобро.

Барса реакцијата ја донесе со лесни голови на двете крила, Томас и Сигурдсон, кои за непотполна минутажа постигнаа 14 гола. Штом мечот влезе во вториот дел, момците на Пасквал ја превзедоа предноста, играа како на тренинг и за 12 минути заминаа на двоцифрена предност. Серијата од 7:0 ги дотолчи ракометарите на Вила де Аранда. Шариќ се врати на голот на Барса, по освојувањето на Купот на Азија, и веднаш забележа девет одбрани. Во 51 минута, домашната екипа ја мина границата од 30 гола и до крајот беше дилема само колку голови ќе примат гостите. На крајот 38:26 за европскиот и шпански првак и 74 последователна победа за Барселона. Во победничкиот тим, Сигурдсон со 8 и Томас со 6 гола беа најефикасни во победничката екипа. Лазаров постигна еден гол, а голманите Гонзало и Шариќ собраа 14 интервенции. Во тимот на Вила де Аранда Рангел имаше 15 интервенции, Фигуроа прокнижи 6, а Кабесон 5 гола. Продолжува максималниот учинок во домашното првенство на Барселона, која силниот ритам на натпревари по Скопје, Леон и Копенхаген, го продолжува за време на викендот, кога во Каталонија гостува Киелце на Талант Душебаев, во реприза од полуфиналето на Лигата на шампионите од минатата сезона.

Комплетниот извештај од натпревар можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share