Фредрик Оландер го одржа првиот тренинг во Барселона
![]()
ЕХФ недела одвлече скоро цела екипа надвор од Барселона, а со тоа Хавиер Пасквал оваа недела ги намали активностите и тренинзите. Во работата со голем дел од младите ракометари, кои исто така добро играат во својата лига и во Купот на Кралот, се приклучи најновото засилување, голманот Фредрик Оландер.
Веќе се продаваат билети за Вардар - Барселона во Скопје
![]()
Македонскиот првак Вардар од денес ги пушти во продажба билетите за следниот домашен натпревар во Лигата на шампионите, против европскиот првак Барселона, кој е закажан за 22 ноември во 17:45 часот. Продажбата на билети ќе се одвива на билетарницата на СЦ "Јане Сандански", од 10 до 18 часот, и онлајн, преку ticketplus.mk, а цената на истите ќе изнесува:
Лазаров: Ме радува тоа што се појавуваат нови момци
![]()
Во текот на денешниот ден, македонската ракометна репрезентација го имаше првиот собир како почеток на ЕХФ неделата, која ќе кулминира на турнирот во Умаг од 6 до 8 ноември. Капитенот Кирил Лазаров го изрази своето задоволство од приклучувањето на млади момци во националниот тим.
Матулиќ, Пешиќ и Брозовиќ заради повреда не играат против Македонија
![]()
Жељко Бабиќ исто како и Обрван нема да може да смета на најдобриот тим на турнирот во Умаг кој почнува се игра на крајот од оваа недела. Откако не ги повика Вори и Чупиќ, новиот селектор сега мора да бара алтернативи за уште три ракометари кои се повредија во пресрет на собирот, кој и во Хрватска, како и кај нас започна денес.
Изедначен почеток, па офанзивно шоу и победа со 44 постигнати гола за Барса
![]()
Барселона - Пуерто Сагунто 44:29 (20:12)
Откако дознаа дека ќе се сретнат со Пуерто Сагунто и во Купот на Кралот, ракометарите на Барселона мораа најнапред да си ја завршат работата во ASOBAL лигата. И пак европскиот првак на противникот му дозволи отпор само во првите 10-15 минути. До 6:6 во 12 минута, екипата од Валенсија парираше и во одбраната и во нападот.
Откажаа повредените Јоноски и Миркуловски, за турнирот во Умаг повикан и Дрогришки
![]()
На меѓународниот турнир во Хрватска на кој Македонија ќе учествува идната недела, ќе мора да се соочи со нови откажувања и нови дополнителни повикувања. Поради повреди турнирот во Умаг наредниот викенд ќе го пропуштат интернационалците Филип Миркуловски и Ацо Јоноски.
Пуерто Сагунто е ривалот на Барса во осминафиналето на Купот
![]()
Денес во Барселонa беше извршена ждрепката за осминафиналето на Купот на Кралот во ракомет, каде од јуни оваа година титулата ја брани Барселона. Противник на Лазаров и соиграчите во првата фаза, во која бранителот на титулата се приклучува во натпреварувањето, е Пуерто Сагунто.
Обрван дополнително го повика Димитриевски за турнирот во Умаг
![]()
Селекторот на машката ракометна репрезентација, Ивица Обрван направи една промена во списокот на ракометари за престојната ЕХФ недела која ќе се одржи во периодот од 2 до 8 ноември во Умаг. На списокот покрај првично избраните 18 ракометари повикан е и членот на Унгарски Чургои, Дарко Димитриевски.
Лош старт и потценување, па пресврт режиран од Лазаров за европскиот првак
![]()
Барселона - Колдинг 28:25 (11:13)
По ремито во Полска, Барса брзо им се врати на победите, иако ни малку не беше лесно да се совлада Колдинг во „Палау Блауграна" (28:25).Данскиот шампион Колдинг одлично го почна мечот и практично на општо изненадување, поведе со 1:8 во 11 минута. Лаен, Спелерберг и Андерсон ја наполнија домашната мрежа и Пасквал побара минута одмор.
Егзибиција за нова ASOBAL победа на Барселона
![]()
Анхел Хименез - Барселона 16:38 (6:20)
Во многу полесен меч од очекувањата, Барселона славеше на гости во Пуенте Хенил против тимот на Анхел Хименез и го продолжи максималниот скор во ASOBAL лигата (16:38). Мечот со два гола го отвори тунискиот интернационалец Жалуз, а првенецот за домаќините го постигна Никола Потиќ. Следеше серија од 0:8 на гостите и голови на Сипржак, Копљар и најчесто Жалуз за 1:10 во 15 минута.




