hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ФОТО: Загреб се поклони на рекордот на Лазаров!

12108722 889797504439766 984756788289577548 n

На официјалната фан-страница на Фејсбук на хрватскиот гигант ППД Загреб, Лазаров е облечен како крал и седнат на трон, а до него стои трофејот со бројот 1000, што асоцира на рекордот и штит со неговиот број седум. „Уште еднаш да му се поклониме на големиот Кире Лазаров на неверојатното достигнување.

Повеќе...

Лазаров ја отвори вратата на клубот 1000

1000-ehf2

Како по најубавото сценарио, Кирил Лазаров и неговите клучни голови и вечерва беа додадена вредност на екипата на Барселона на тешкото гостување во Сегедин во Унгарија. Со 5 постигнати гола, нашиот репрезентативен капитен дојде точно до магичната бројка од 1000 гола во европските купови под ЕХФ, што е неповторливо остварување.

Повеќе...

Кога најмногу требаше, пак се појави Лазаров

seged - barca 1

ПИК Сегедин - Барселона 28:30 (12:13)

По стартот со една победа и еден пораз, европскиот првак Барселона беше на вистински испит на зрелоста во Унгарија против ланскиот четвртфиналист, ПИК Сегедин. Сигурдсон го отвори резултатот, па погоди и капитенот Томас, но тимот на Пастор подобро влезе во мечот и брзо го превзеде водството. По 3:3, Бомбач и опоравениот Јонас Калман погодија од транзиција за прво водство на ПИК Сегедин. Од 4:4 со головите на Балог, домаќините отидоа на 7:4, што беше аларм за гостинската клупа.

Повеќе...

Обрван го објави поширокиот список за ЕП во Полска

mkd-ceska-5

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Ивица Обрван, го објави прелиминарниот список од 28 ракометари за Европското првенство што ќе се одржи во Полска на почетокот на 2016 година. Според правилата и регулативите на ЕХФ, списокот и натаму може да подлежи на промени, заклучно со 12 декември, кога е краен рок за објавување на конечниот список. На списокот на Обрван се наоѓаат следните ракометари:

Повеќе...

Рутенка кариерата ја продолжува во Катар

rutenka qatar 2

Белорускиот репрезентативец Сергеј Рутенка својата кариера ќе ја продолжи во катарското првенство, во тимот на Лахвија, каде минатата сезона настапуваа Наумче Мојсовски и Ренато Вугринец. Рутенка ги договори условите и наскоро ќе му се приклучи на тимот.

Повеќе...

Познати судиите за наредното европско првенство

sudii 3 ehf

ЕХФ ги одреди 12 парови на судии кои ќе ја делат правдата на мечевите од европското првенство во Полска од 15 до 31 јануари следната година. Меѓу одбраните се наоѓа и Македонскиот судиски пар, Начевски и Николов. Одлуката падна на конгресот во Виена, а на последното европско првенство, финалето го судеа шпанските судии Ралуј и Сабросо.

Повеќе...

Совладана и Гвадалахара за 66 врзана победа на Барса

gurbindo 2

Барселона - Гвадалахара 40:24 (21:11)

Во меч кој наликуваше на многу првенствени мечеви од ASOBAL лигата, Барселона забележа нова убедлива победа, овој пат со +16 против тимот од мадридското предградие, Гвадалахара. Сите ракометари на кои им даде шанса Хавиер Пасквал со исклучок на младиот Душебаев, се запишаа меѓу стрелците што покажува колку лесно првакот стигна до бодовите. По изедначениот почеток со головите на Гурбиндо и Арињо (2), домашната екипа отиде на 10:4.

Повеќе...

Барса и Рутенка спогодбено го раскинаа договорот

rutenka i lazarov

Еден од најтрофејните европски ракометари на сите времиња, репрезентативецот на Белорусија, Сергеј Рутенка не е повеќе член на европскиот првак Барселона. Клубот од Каталонија спогодбено го раскина договорот со корпулентниот среден бек.

Повеќе...

Швеѓаните одолеваа, но бодовите остануваат во Барселона

viktor tomas 4

Барселона - Кристианштад 34:32 (17:16)

Ракометарите на Барселона ја забележаа првата победа во Лигата на шампионите, откако славеа против првакот на Шведска, Кристианштад со 34:32 (17:16). Иако можеби очекуваа полесна победа, преку 3000 гледачи во „Палау Блауграна„ видоа борбен и квалитетен натпревар, пред се во офанзивата. Барселона пак се потпре на Кирил Лазаров, иако треба уште многу работа за екипата да се приспособи на новајлиите и да ја достигне потребната форма.

Повеќе...

Второ полувреме без грешка и нова победа со 40 постигнати гола

foto 3

Хуеска - Барселона 28:40 (17:20)

Меѓу два европски натпревари, европскиот првак Барселона ја забележа четвртата победа во ASOBAL лигата. На гостувањето кај Хуеска, Лазаров и соиграчите најавија дека поразот во Манхајм во неделата е веќе заборавен. Победена е Хуеска и пак е потврден просекот од 40 гола по натпревар. Новел и Гарсија Петруса го материјализираа подобриот старт на домаќините за водство од 4:2 по 6 минути игра. Но Гонзало се разбрани и со серија од 4:0, многу брзо фаворитот дојде до водство од 4:6. Арињо реализираше два контранапади, а погоди и највисокиот на теренот, Камил Сипржак. Хуеска на крилата на својот ветеран на голот, Димитрије Пејановиќ се опорави и во 18 минута, Новел погоди од крилна позиција за 10:9, откако претходно првиот гол го постигна Кирил Лазаров.

Повеќе...