hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Цела Барселона во идеалниот тим на ASOBAL, Лазаров најдобар десен бек

11212782 454933451348965 8539514948617721428 n

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров беше избран во идеалниот тим на ASOBAL лигата, како најдобар десен бек во шпанската лига. Лазаров освои 28,9% од вкупниот број гласови за својата позиција, пред Луис Фелипе Хименез Реина од Натурхаус Ла Роха (12,1%) и соиграчот, Едуардо Гурбиндо (8,5%). Во идеалниот тим се најдоа само ракометари на Барселона, што јасно покажува каква сезона оставија зад себе каталонците.

Повеќе...

Македонија само против Полска ќе игра во вечерен термин во Краков

lazarov lkarabatic ehfeuro2016 mkd fra

Македонија ја дозна сатницата за групната фаза на европското првенство во Полска во јануари 2016 година. Во рамките на А групата, приоритет има домаќинот Полска, па сите мечеви момците на Биглер ќе ги играат во централниот термин. Македонија само во мечот со Полска ќе игра во 20:30 часот, а против Франција и Србија ќе излезе на мегдан во првиот попладневен термин.

Повеќе...

Чакарески: „Поставивме високи стандарди и ќе бидеме уште подобри во иднина„

20150622 162001

Спортскиот директор на кампот „Кирил Лазаров 7„ Милчо Чакарески откри дека во проектот учествувал голем број на луѓе и дека кампот се подготвувал со месеци и до најмалите детали. Секако задоволството е поголемо ако се знае дека се минало во најдобар ред и целите се остварени.

Повеќе...

Ѓоргоноски: „Презадоволни сме, од в година веројатно и втора смена на кампот„

20150622 145342

Штом ќе „легнат„ емоциите ќе може полесно да се анализира сработеното накампот, а агенцијата КМГ го потврди своето задоволство од седумдневното искуство крај охридското езеро.

Повеќе...

Лазаров: „Кампот беше успешен, децата и родителите се презадоволни„

kamp kraj 1

Време е за сумирање на сработеното и анализа на првиот камп „Кирил Лазаров 7„. Најповиканиот е презадоволен од ефектот кој го донесе неговиот прв камп и смета дека тимот кој го организираше настанот се надмина себе си.

Повеќе...

Учесниците на кампот добија сертификати и примерок од книгата на Лазаров

20150628 123230

По последната тренинг сесија, доделени беа сертификатите на сите учесници на кампот. Покрај признанијата, сите учесници ја добија и првата книга на Кирил Лазаров со наслов „Седум„ и со посвета лично од капитенот на македонската репрезентација.

Повеќе...

Боби Мојсоски: „Чест ми е да сум тука, Кире е огромна мега звезда„

20150627 224411

Изненадување за учесниците на кампот на претпоследниот ден беше забавата на плажа со македонскиот X-factor, охриѓанецот Боби Мојсоски. Тој испеа неколку песни, се забавуваше со момчињата и девојчињата и се фотографираше по настапот. Исто така доби пристојни подароци од Кирил Лазаров, кој го покани да биде гостин на кампот и во следните изданија. Исто така на забавата беа прославени два родендени и едно момче и девојче ги дувнаа роденденските свеќи. Боби Мојсоски пред настапот беше почестен од поканата да биде дел од кампот.

Повеќе...

Ангеловски: „Кампот треба да биде само надградба за работата во клубовите„

20150627 170738

Со 159 настапи и 393 гола, Бранислав Ангеловски е еден од ракометарите со најдолг стаж во националната репрезентација, а покрај тоа што играл за трите најтрофејни клубови во нашата земја, настапувал и во многу странски национални првенства. Ракометарот на Констанца беше гостин на последните два дена од кампот и ја потврди подршката за својот другар Лазаров и неговиот камп.

Повеќе...

Јоновски: „Јас гледав видео касети од мојот идол, а овие деца го имаат Кире покрај себе„

20150627 181858

Ацо Јоновски има огромно искуство од играње професионален ракомет на високо ниво. Покрај за македонската репрезентација настапуваше и во 4-5 странски национални првенства, па добро знае што значат за младите ракометари ваквите кампови, работата со професионални тренери и постојанмониторинг над децата. Тој го спореди кампот со условите, кога тој ги правел првите чекори во ракометниот спорт.

Повеќе...

ВИДЕО: Кирил Лазаров во инвидуален тренинг со бековите

kire invidualen treniong 1

Кирил Лазаров скоро секогаш директно се вклучуваше во работата на некоја од групите и со совети и практични примери ги советуваше пред се бековите за нивните движења, тактички детали и слично.

Повеќе...