Петковски: „Кампот ќе донесе квалитет, треба да ги вратиме заборавените центри во земјата„
![]()
Бившиот репрезентативен голман Зоран Петковски е тренер на младинската екипа на Вардар и со години работи со младите категории. Со големото искуство кое го има е компетентен да го оцени кампот и нејзината идеа.
„Филип Втори“ го одржа првото предавање во кампот „Кирил Лазаров 7“
![]()
Што е здрава храна,колку оброци на ден треба да се внесуваат, во кој временски период и слично.Ова беа само дел од прашањата кои беа одговорени преку интеракција со децата од кампот „Кирил Лазаров 7". Ова беше прво од предвидените три предавања кои „Филип Втори" ќе ги одржи во рамки на кампот.Темата „Здрава исхрана",ја подготви м-р Тина Коцова инженер по прехрамбена технологија во болницата.
Дибиров: „Жал ми е што во Русија ракометот нема ваков третман како кај вас„
![]()
Едно од најдобрите крила во Европа, рускиот интернационалец Тимур Дибиров беше пречекан со овации на кампот „Кирил Лазаров 7„. Младите ракометари го скандираа неговото име, штом забележаа дека неговиот автомобил пристигнува во спортскиот комплекс „Аквалина„. Подоцна на теренот, еластичното крило на Вардар им откри дел од тајните на најмладите и посебно неговиот специфичен „сув лист„ кој стана заштитен знак на русинот:
ФОТО: Ангеловски и Петрески во посета на кампот
![]()
Бранислав Ангеловски кој пред неколку недели се врати од Романија, каде ја заврши сезоната со Констанца и Томче Петрески кон стана шампион и го освои Купот со косовската екипа Беса Фамилија, денес пристигнаа во Охрид иго посетија кампот на Кирил Лазаров. Ангеловски дојде и како родител, бидејќи неговиот син Евгениј е учесник на кампот и едвај чекаше денес да тренира со Тимур Дибиров.
Ристовски: „Кампот ги надмина очекувањата, има 5-6 голмани кои ветуваат„
![]()
Репрезентативниот голман Борко Ристовски 2-3 дена активно зеде учество на кампот „Кирил Лазаров 7„ и имаше можност да препознае неколку таленти на голманската позиција. Голманот на Кретеј е почестен за улогата гостин и ја поздравува идејата капитенот да отвори свој камп:
Лазаров избран за екс-ју ракометар на сезоната
![]()
Капитенот на македонската ракометна репрезентација и вториот стрелец во Лигата на шампионите, Кирил Лазаров е прогласен за најдобар ракометар од екс-ју просторите во изборот на специјализираниот портал за ракомет „Balkan-handball„. Десниот бек на Барселона доби 29 гласови, што е комбинација на гласови од публиката и стручното жири. Лазаров за еден глас ја победи конкуренцијата на Момир Илиќ. Тој е наследник на Домагој Дувњак и Момир Илиќ, кои победуваа во изборот во 2013 и 2014 година.
Бошковски: „Ние сме талентирани за ракомет, само треба уште повеќе работа„
![]()
Иако највозрасен меѓу тренерите на кампот, Лефтер Бошковски работи со неверојатен ентузијазам со девојчињата на кампот „ Кирил Лазаров 7„. Тој е почестен што е дел од стручниот тим и има само пофални зборови за организацијата, талентот и работата на неговата група девојчиња, но и останатите машки групи кои имаше можност да ги погледне.
Мукаетов: „Кампот е најдобра инвестиција и ние секогаш ќе го подржуваме„
![]()
Претседателот на РФМ, Живко Муакетов и генералниот секретар Филип Милошевски утрово го посетија кампот „Кирил Лазаров 7„ и го искажаа своето задоволство од начинот на кој агенцијата КМГ и Кирил Лазаров го подготвиле и организирале целиот настан. Во година на еуфорија на македонскиот клубски и репрезентативен ракомет, следниот чекор е кампот на нашиот репрезентативен капитен, кој од стартот покажува професионалност.
Периќ: „Кире е комплетна личност, Пелистер беше пресвртница во кариерата, ќе биде интересно во Полска„
![]()
Да немаше обврски со српската младинска репрезентација и да не брзаше наседницата на управниот одбор на РФМ, селектор на српскиот национален тим Дејан Периќ, веројатно ќе останеше уште долго во Охрид. Дури и падна мрак синоќа, а Периќ го продолжи тренингот и работеше со учесниците на кампот на терените на „Аквалина„. Тој беше видно среќен што повторно доаѓа во Македонија и што се гледа со старите пријатели.
Делегирани 14 судиски пара за европското првенство во Полска
![]()
Познати се 14 судиски парови кои ќе ја делат правдата на европското првенство во Полска следната година. Таму Македонија ќе ја претставуваат и судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.




