Познати сите учесници на шампионатот, Б и Х најголем губитник
![]()
Со одигрувањето на мечевите од последното шесто од квалификациите, познати се сите 16 селекции кои ќе играат на европското првенство во Полска во јануари 2016 година. Со исклучок на Б и Х, сите селекции од бившите југословенски простори ќе играат на турнирот во Гдањск, Вроцлав, Катовице и Краков (домаќин на финалните натпревари). Црна Гора како најдобра третопласирана обезбеди свое второ учество на европско првенство. Ждрепката за наредниот голем собир е в петок на 19 јуни во Краков.
Ристовски: „Одигравме колку што треба, како што играат големите селекции„
Еден од најискусните во нашиот табор, Борко Ристовски ја истакнува важноста на победата и пласманот на следната голема приредба. Голманот на Кретеј смета дека како што победуваат големите репрезентации, со многу искусна игра и колку што треба за да се добие Чешка.
Лазаров: „Да играме утре, полесно ќе ја совладаме Чешка„
![]()
Почетокот на мечот беше проблематичен, но Македонија покажа искуство и карактер и во финишот на првиот дел со влегувањето на Кирил Лазаров во игра, започна нашиот пресврт. И покрај двојбите сепак за издвојување е учеството на нашиот петти голем настан, почнувајќи од европското првенство во Србија во 2012 година.
Македонија по четврт пат на европско првенство
![]()
Македонската ракометна репрезентација по четврт пат во својата историја ќе игра на завршниот турнир на европско првенство. Со освојувањето на второто место во 7 група од квалификациите, момците на Обрван најнапред обезбедија место во ждрепката во Краков на 19 јуни, а потоа во јануари идната година и на шампионатот меѓу 16 најдобри на континентот.
Тешка победа над Чешка и „билет„ за Полска идната година
![]()
Квалификации за ЕП - Полска 2016 година
Македонија - Чешка 32:28 (15:12)
Со многу изостаноци и Македонија и Чешка го дочекаа клучниот меч за второто место во квалификационата група за пласман на европското првенство во Полска. Филип Лазаров и Влатко Митков го отворија мечот со важни голови, како би парирале на добриот чешки старт. Штобл на чешкиот гол добро го почна мечот, а Здрахала во 5 минута погоди за 2:4. Брзо се консолидиравме и Манасков и Митков во 7 минута израмнија на 4:4. Узек од позиција на кружен напаѓач погоди два пати по ред за 4:6 во 11 минута.
Македонската публика им се заблагодари на Димовски и Ѓоргоноски
![]()
Пред почетокот на натпреварот Македонија - Чешка, РФМ со пристојна свеченост им се заблагодари на трудот во дресот на националната репрезентација на Ванчо Димовски и Горан Ѓоргоноски. Двајцата добија подароци од претседателот на РФМ, Живко Мукаетов и генералниот секретар Филип Милошевски и дресовите со број 19 и 29 во голема рамка.
Кузманоски повикан на местото на Миркуловски
![]()
Во последен момент македонската ракометна репрезентација го доби Горан Кузмановки како замена за повредениот Филип Миркуловски. Искусниот среден бек нема настап од април 2013 година, но зад себе остави одлична сезона во редовите на Одорхеи, со кој го освои Челинџ купот.
Лекарските прегледи потврдија: Миркуловски ја пропушта Чешка
![]()
Нов голем проблем за македонската ракометна репрезентација во пресрет на најбитниот натпревар од квалификациите. Заради незгодна повреда здобиена во средата во Сент Гален против Швајцарија, утре против Чешка нема да настапи Филип Миркуловски.
Девет години Чешка не ја победила Македонија, утре судат романски судии
![]()
Утрешниот одлучувачки натпревар за второто место во 7 квалификациона група за пласман на ЕП во Полска помеѓу Македонија и Чешка е осми во историјата на овие две селекции. Ако во првите натпревари и не бевме така успешни, на последните мечеви сме постојано подобри и немаме пораз од Чешка од есента 2006 година. Мечот кој почнува утре од 17:45 часот во СЦ „Борис Трајковски„ ќе го водат романците Сорин Лаурентину Дину и Константин Дин, кои го водеа и финалето на Лигата на шампионите минатиот месец во Келн.
Нова повреда кај чесите, откажа Бечвар, дополнително повикан Мотл
![]()
Ивица Обрван има проблеми со составувањето на тимот за мечот со Чешка, но не се без проблеми и нашите противници. Чешкиот селекторски тандем Филип - Кубеш е принуден на уште една замена во пресрет на мечот во Скопје. Роман Бечвар поради повреда отпадна од комбинација и нема утре да допатува во Скопје.




