Барселона во првиот барабан на петочната ждрепка
![]()
Пред ждрепката за сезоната 2015/16 во Лигата на шампионите, која е предвидена за петок попладне, ЕХФ ги одреди квалитативните барабани, по кои ждрепката ќе биде извршена. Според очекувањата, европскиот првак Барселона ќе биде во првиот барабан во А и Б групите, заедно со првакот на Германија, Кил. Оваа година ќе се игра по изменет систем на натпреварување, па можни се големи дуели уште во есенскиот дел, во групната фаза. Финалниот турнир пак е во „Ланксес арената„ на 28 и 29 мај 2016 година.
ВИДЕО: Легендата Дејан Периќ пристигна и веднаш се фати за работа
![]()
Најдобриот голман на сите времиња, како што го претставија тренерите во школата на Кирил Лазаров, српскиот легендарен голман Дејан Периќ попладнево пристигна во спортскиот комплекс „Аквалина„ во Охрид. Сегашниот селектор на Србија многу работи го врзуваат за Македонија и затоа неколку дена ќе мине како гостин на кампот и ќе ги вреже своите тајни до најмладите. Се очекува посебно внимание да посвети на голманите, кои ги има во голем број меѓу пријавените.
Дејан Манасков: „Капитенот со кампот направи голема работа„
![]()
Репрезентативното трио Стоилов - Ристовски - Манасков денес беа гости на кампот „Кирил Лазаров 7„ и заеднички или одделно работеа со најмалата возрасна категорија, со девојчињата и со повозрасните момчиња. Новиот ракометар на Вардар, Дејан Манасков кој потекнува од спортско семејство, знае што значи за младите таленти, присуството на нивните идоли и работатасо поискусните:
ФОТО: Спанко во кампот по напорните тренинзи
![]()
Синоќа по напорниот ден, во забавниот дел од програмата на кампот имаше многу смеење, забава, интерактивни игри. Поголемиот дел од учесниците минуваа пријатни моменти, но имаше и такви на кои не им беше до забава, бидејќи тренинзите беа многу напорни.
Со „Виталиа„ за здрава исхрана на сите учесници на кампот
![]()
Еден од спонзорите на кампот „Кирил Лазаров 7„ е Виталиа, која се грижи за здравата исхрана на учесниците и значењето на таква здрава исхрана за сите спортисти во развој. Виталиа е компанија која се грижи за вашата исхрана, а истовремено и за вашето здравје.
Андреа Лекиќ во посета на кампот „Кирил Лазаров 7„
![]()
Охрид деновиве пулсира со ракометот. Синоќа на посета на кампот „Кирил Лазаров 7„ пристигна Андреа Лекиќ и нејзиниот тим кој деновиве се инволвирани во академијата на ракометарката на Вардар во Охрид. Тоа бешеможност да се разменат мислења, да се искористат совети околу организацијата на кампот и работата со младите таленти.
Пепи Манасков и Ристе Калајџиоски во посета на кампот
![]()
Двајца бивши репрезентативни колеги на Кирил Лазаров, попладнево пристигнаа во хотелот „Аквалина„ во Охрид да ја поздрават идеата за првиот камп на нашиот најдобар ракометар и да помуабетат со старите пријатели. Пепи Манасков, кој играше во сениорската репрезентација со Кирил Лазаров,погледна неколку тренинзи и разговараше со тренерите на кампот.
Стоилов: „Овие момци имаат подобри услови од моите, стручниот тим е импресивен„
![]()
Уште од рано изутрина сите учесници на кампот со нетрпение го чекаа денешниот гостин на кампот „Кирил Лазаров 7„. Присуството на репрезентативниот кружен напаѓач, Стојанче Стоилов беше дополнителен мотив, пред се на момчињата кои играат на неговата позиција. Ракометарот на Вардар објасни дека сегашните генерации имаат многу подобри услови однеговата генерација и сите претходни.
ФОТО: Тренажниот процес тече беспрекорно
![]()
Вчера по отворањето и официјалното фотографирање на сите групи на ракометниот камп, официјално започнаа со работа сите групи на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7„.
Лазаров: „Нема место од Македонија од каде немаме учесници на кампот„
![]()
Со официјалното фотографирање започна и официјалната програма на кампот „Кирил Лазаров 7„ кој се одржува во Охрид. Пред првиот тренинг на кој активно учествуваше нашиот најдобар ракометар, Лазаров го изрази своето задоволство од масовноста и организацијата на кампот.




