hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Стоилов: „Овие момци имаат подобри услови од моите, стручниот тим е импресивен„

stole1

Уште од рано изутрина сите учесници на кампот со нетрпение го чекаа денешниот гостин на кампот „Кирил Лазаров 7„. Присуството на репрезентативниот кружен напаѓач, Стојанче Стоилов беше дополнителен мотив, пред се на момчињата кои играат на неговата позиција. Ракометарот на Вардар објасни дека сегашните генерации имаат многу подобри услови однеговата генерација и сите претходни.

stole2

„Во мое време немаше кампови, но знам колку ми значеше кога некој од поискусните ракометари ќе ме подучи иќе ми покаже нешто. Гледам дека овој камп е одлично организиран, масовен,а и стручниот тим е фантастичен, составен од стручњаци, бивши и сегашни ракометари. И за ракометот во нашата земја тоа е многу значајно и верувам дека во иднина ќе биде уште подобро„ заклучи репрезентативниот кружен напаѓач, Стојанче Стоилов.

Тој е еден од предвидените гости кои оваа недела ќе го посетат спортскиот комплекс „Аквалина„. По тренингот, Стоилов ќе се дружи со неговите наследници, ќе потпишува автограми и ќе се забавува со нив.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share