
Охрид деновиве пулсира со ракометот. Синоќа на посета на кампот „Кирил Лазаров 7„ пристигна Андреа Лекиќ и нејзиниот тим кој деновиве се инволвирани во академијата на ракометарката на Вардар во Охрид. Тоа бешеможност да се разменат мислења, да се искористат совети околу организацијата на кампот и работата со младите таленти.

Лазаров и Лекиќ се фотографираа со учесниците на кампот, потпишуваа автограми и се дружеа со идните ракометарите во хотелот „Аквалина„ во Охрид. Денес е веќе нов ден и започнаа активностите на третиот ден на кампот „Кирил Лазаров 7„.