hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Ристовски: „Кампот ги надмина очекувањата, има 5-6 голмани кои ветуваат„

20150624 170043

Репрезентативниот голман Борко Ристовски 2-3 дена активно зеде учество на кампот „Кирил Лазаров 7„ и имаше можност да препознае неколку таленти на голманската позиција. Голманот на Кретеј е почестен за улогата гостин и ја поздравува идејата капитенот да отвори свој камп:

„Навистина организацијата на овој камп е за секоја пофалба. И самиот Кире кој е многу посветен, долго се спремаше за овој настан. И според него и според мене, кампот ги помина сите очекувања. Се работи за деца кои секојдневно напредуваат и сите ние сме тука да помогнеме нашата држава да има и понатаму репрезентативци и во машка и во женска репрезентација. Јас сум прекратко тука за да навлегувам во детали, но тоа што го видав, мислам дека има доста голмани и од вкупна бројка од 20-25 голмани, може да се извлечат 5-6 голмани кои верувам дека сигурно ќе бидат голмани во нашите млади категории„ истакна репрезентативниот голман.

Голманите се најмногубројни на кампот, па неколку бивши голмани се тренери на своите екипи, а голмани како Периќ и Борко Ристовски како гости на кампот, одржаа свои тренинзи и негуваа детали со учесниците на кампот.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share