Трет роденден на официјалната веб страна на Кирил Лазаров

На денот на кој се спојуваат седумките по бројот на денови и месеци во годината, најдобрата светска седумка, Кирил Лазаров го слави третиот роденден на неговата официјална веб страна. На 7 јули 2012 година за прв пат во етерот се појави офијалниот медиум, кој ги сублимира сите ракометни настани, збиднувања, занимливости поврзани со ракометарот на Барселона и капитенот на македонската репрезентација.
Овој период од три години се поклопува со најпозитивните моменти во кариерата на Лазаров. Конечно го освои трофејот од Лигата на шампионите, три пати во серија е светски клубски првак, ја мина границата од 1000 гола во репрезентацијата, наскоро тоа ќе го стори и во европските купови. Пред нешто повеќе од еден месец ја заврши сезоната со 7 трофеи, а во континуитет со Македонија игра на големите приредби од 2012 година. Ако биде се по планот, четвртиот роденден на www.kirillazarov7.com ќе се слави во или пред Рио де Жанеиро.




