hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ВИДЕО: З. Мојсоски: „Потсвесно се опуштивме со Иран, но важни се бодовите„

10934545 10205829994651658 2046714501 n

Добро се ротираат нашите крилни ракометари и сите имаат добра реализација, а некои и одлична игра во одбрана. Златко Мојсоски на двата натпревари знаеше да донесе свежа крв во нашите редови и контранападите со неговата реализација не доближуваа до победите:

Повеќе...

Каков биланс има нашата репрезентација против босанската?

kiro - saric

Иако во пријатно сеќавање ни се последните мечеви во квалификациите за европскиот шампионат во Србија 2012 година, кога ремизиравме во гости и победивме на домашен терен во Скопје, сепак немаме кој знае колку позитивен биланс кога играме меѓусебни дуели против Босна и Херцеговина. Еве потсетување на сите дуели меѓу Македонија и БиХ од 2002 до денес.

Повеќе...

ВИДЕО: Прибак: „Не очекувам ништо повеќе од босанците на овој мундијал„

IRAN VS FYRO MACEDONIA 150117Qatar 2015 M15 IRI vs MKD-GEO01 xlarge

Еден од оние кои ги искористија своите минути против Иран е Немања Прибак, кој е безрезервен оптимист за нашето светско првенство и верува дека и натаму ќе продолжиме да победуваме. Исто така ни малку не стравува од наредниот ривал, Босна и Херцеговина со кој ќе се соочиме утре попладне:

Повеќе...

ВИДЕО: Велко Марковски: „Одбраната има доволно енергија за понатаму„

IRAN VS FYRO MACEDONIA 150117Qatar 2015 M15 IRI vs MKD- U8Y0919 xlarge

По бројот на примени и голови на првата средба со Тунис јасно е дека нашата одбрана го положи тестот, а со 31 примен гол против Иран не беше на висината на задачата. Но дефанзивниот столб Велко Марковски смета дека не само што се победија првите два натпревари, туку се заштеди многу енергија:

Повеќе...

ФОТО: „Фалангата„ држи лекции по навивање

iran-mkd

Пак обединета, со членови од секој дел од светот, од таковината, ширум Европа, па и оние кои живеат и работат во Катар и ОАЕ „Фалангата„се собра за овој голем настан да ја бодри својата земја и ракометните асови.

Повеќе...

ВИДЕО: Миркуловски: „Алудиравме да не потцениваме, но не бевме вистински„

mirkulovski-i-obrvan

Многу важен елемент по мечот со Босна и Херцеговина е тоа што нашите ракометари се свесни дека беа далеку од своето издание и на нивните лица можеше да се види резервирана среќа. Податокот дека победата е остварена со ни 50% од своите можности, премногу технички грешки и конфузија, може да биде колку лош, толку и добар предзнак. Ако не можеме да победуваме како големите сили, кои за вакви натпревари не се испотуваат, тогаш барем да ја научиме лекцијата. Токму овој вид на заклучок можеше да се прочита од зборовите на Миркуловски, кој делува зрело и многу, многу солидно:

Повеќе...

Обрван: „Не бевме добри, но сите треба да го почувствуваат системот„

ira-mak-1

Критични расположен кон колективот, но и доследен на своите идеи, селекторот Ивица Обрван ги пофали таканаречените „втори линии„ и истакна дека проблемот не беше во ротацијата туку во максимумот, кој како тим не го дадовме попладнево во Доха. Иран се охрабри, имаше свои моменти, но победникот не беше доведен во прашање, меѓу другото и заради влегувањето во игра на триото Лазаров - Миркулоски - Мојсоски:

Повеќе...

ВИДЕО: Георгиевски: „Не бевме сјајни, но ја исполнивме целта„

IRAN VS FYRO MACEDONIA 150117Qatar 2015 M15 IRI vs MKD-GEO04 xlarge1

Гоце Георгиевски посебно во првиот дел најбрзо трчаше во контранапади и ги користеше додавањата на Петар Ангелов. Позитивно е што и самиот е свесен дека Македонија не беше како што треба да биде и дека освен резултатот нема кој знае што позитивно да се издвои од мечот со иранците:

Повеќе...

ВИДЕО: Недановски: „Драги ми се головите, но посебно победата„

IRAN VS FYRO MACEDONIA 150117Qatar 2015 M15 IRI vs MKD- U8Y0891 xlarge1

Повикувањето на Владо Недановски на местото на Гоце Ојлески значеше дополнителен ракометар во ротација во двата правци, но и можност мотивираното крило да „одскокне„ на овој мундијал. Така и беше во второто полувреме на мечот со Иран, кога Недановски даде голем придонес во победата и се наметнува пред останатите три натпревари во групата:

Повеќе...

Прв часовник за Кирил Лазаров во Доха

IRAN VS FYRO MACEDONIA 150117Qatar 2015 M15 IRI vs MKD-GEO15 xlarge

Нашиот капитен влезе во игра во 20 минута и до одморот нанижа 4 гола. Успешно релизираше од седум метри и асистираше и во продолжението, па мечот го заврши со 9 гола. Подоцна го доби признанието за најдобар наш ракометар на средбата, што е прв негов часовник на ова светско првенство.

Повеќе...