Гајиќ прв стрелец, Лазаров прв во голови + асистенции
![]()
Кирил Лазаров падна на третото место на листата на стрелците, но и натаму е лидерот во категоријата голови и асистенциии, по кои се гледа комплетноста на ракометарите. Во неверојатен прогрес во текот на вчерашниот ден беа Гајиќ, Марковиќ и Чупиќ, кои се приклучија во групата за првото место и во двете категории:
ВИДЕО: Карачиќ: „Македонија покажа зошто е хит на турнирот„
![]()
Првиот голем турнир во дресот на хрватската репрезентација на Иван Карачиќ сигурно ќе му донесе е емоции за цел живот, со оглед на тоа што ќе игра против неговиот брат, а вечерва играше и против многу соиграчи од Вардар. За разлика од останатите, тој истакна дека Македонија била повеќе од достајна, жилава и опасна:
ВИДЕО: Дувњак: „Алиловиќ и одбраната беа факторот за наша победа„
![]()
Можеби не беа перфектни, но хрватите го најдоа патот до победата, а како клучен фактор за триумфот го посочија голманот Алиловиќ и цврстата одбрана, која го запре македонскиот напад на почетокот од второто полувреме. Ракометарот на Кил, Домагој Дувњак смета дека Македонија немаше свои опции да направи подвиг:
Голужа: „Македонија не може подобро, ние добивме рутински„
![]()
Хрватскиот селектор Славко Голужа ликуваше по победата против Македонија и смета дека во ниту еден момент неговата репрезентација не ризикуваше да не победи. Бившиот тренер на Загреб смета дека Македонија со овие 60 минути го даде максимумот и не може повеќе од денешното:
Прибак: „Клучна беше хрватската серија на почетокот од вториот дел„
![]()
Првиот пораз на македонската ракометна репрезентација на мундијалот, како и секој пораз е болен, но треба да биде добра подготовка за мечот со Австрија во петок, кој веројатно е прва наш квалификационен натпревар. Иако нема испаѓање после евентуален пораз, не е неважно дали во Б групата ќе завршиме на второто или третото место. Потенцијални противници би ни биле Словенија или Катар, но нашите ракометари не размислуваат за комбинациите. Немања Прибак во првите минути од второто полувреме гледа причина за нашиот пораз и хрватската победа:
Обрван: „Честитки за Хрватска, нам ни треба само бод за второ место„
![]()
По втор пат во оваа Б група на мундијалот, два хрватски селектори беа еден наспроти друг. Откако го победи Хасанефендиќ, Славко Голужа и неговата Хрватска беа подобри и од Македонија на Ивица Обрван. На официјалната прес-конференција, македонскиот селектор им посака најмалку финале на своите сонародници, а за македонскиот национален тим истакна дека не се откажува во вербата за најмалку уште бод од мечот со Австрија, со кој би биле втори во Б групата на 24 светско ракометно првенство:
Миркуловски: „Црната-дупка против Хрватска е недозволива„
![]()
Пак многу емоции и игра на работ на секоја топка со голема селекција наспроти себе го красеше нашиот тим во текот на овие 60 минути. За прв пат на турнирот во второто полувреме бевме во дефицит и бркавме резултат, но и со оглед на противникот не можевме да се надминеме себе си. Филип Миркуловски пак ја издвои „црната дупка„ заради која не успеавме да се вратиме откако противникот побегна:
ВИДЕО: Вугринец: „Новите правила создаваат дополнителен хаос„
![]()
Разочарување за начинот на кој го загубивме мечот со Хрватска, но и на критериумот на чешките судии владееше во македонскиот табор по завршувањето на средбата. Ренато Вугринец кој играше малку на овој натпревар , истакна дека целиот начин на кој се применуваат новите правила на IHF создава дополнителен хаос:
ВИДЕО: Ристовски: „Поразот не е срамота, мора да се насочиме кон Австрија„
![]()
На официјалната прес-конференција говореше нашиот најдобар поединец на мечот со Хрватска, Борко Ристовски. Убаво беше надмудрувањето со неговиот колега Мирко Алиловиќ, во кое благодарение на второто полувреме славеа „коцкестите„ Сепак голманот на Кретеј верува дека Македонија ќе се врати и ќе биде онаа вистинската против Австрија:
Одлично прво полувреме, па хрватскиот „бран„ ја однесе победата
![]()
Б група
Македонија - Хрватска 26:29 (14:15)
Македонските навивачи го добија дуелот на трибините и ги имаше двојно повеќе од хрватските во „Духаул арената„ во Доха. Одлично го отворивме мечот, со зицерот кој Ристовски му го одбрани на Бичаниќ и првиот гол на средбата на Дејан Манасков. Хрватите реагираа со головите на Бичаниќ и Гојун, пред Георгиевски од контра да израмни на 2:2 во 6 минута. Капитенот Лазаров и Миркуловски со цепелин ја надмудрија одбраната на Голужа, а по заслуга на Борко Ристовски и Гоце Георгиевски за прв пат поведовме во 8 минута (4:3).




