Лазаров: „Посакуваме убедлива победа, за да не респектираат повеќе„
![]()
Австрија е на дневниот ред кај македонските ракометари уште од раните утрински часови за време на вчерашниот ден. Иако не е лесно да се избрише од главата мечот со Хрватска и развојот на настаните, турнирот не дозволува враќање назад и потребно е фокусот да го насочиме кон мечот со нашиот старт познаник, Австрија на исландскиот селектор Јоханесон.Капитенот Лазаров останува на ставот дека постигнатото до овој момент е респектабилен резултат и дека против Австрија нашиот тим отворено ја најавува фаворитската улога:
Хансен го стигна Лазаров на листата за најкорисен играч
![]()
Микел Хансен по добриот настап против Русија стигна до бројката 42 поени кога ќе се соберат головите и асистенциите. Сега и Хансен и Лазаров се на врвот со по 42 поени. Словенецот Гајиќ е неприкосновен на лидерската позиција на врвот на листата на стрелците.
Осминафиналето ќе го играме в недела, само не се знае каде и во кој термин
![]()
По вчерашниот расплет во А и Б групите извесно е дека Македонија не може да биде ниту прва, ниту четврта во својата Б група и се знае дека в недела на 25 јануари ќе го игра мечот од осминафиналето. Извесно е дека наш противник ќе биде или Катар или Словенија, а неизвесно е кога и каде ќе се игра тој прв меч од нокаут-фазата.
ВИДЕО: „Фалангата„ е горда и ужива во Доха
![]()
Повеќе од 200 македонски навивачи, голем дел од нив од нашата земја, некои од Швајцарија, а некои од ОАЕ и Катар се собраа на едно место во националните бои и се пример како треба да се навива. Наспроти хрватските провокации „Фалангата„ остана достоинствена, колоритна и што е најважно гласна.
Мечевите со Австрија секогаш ни носеле радост
![]()
Утре Македонија и Австрија по четврт пат ќе се сретнат во нивната ракометна историја. Во два од трите меѓусебни натпревар, славеше нашиот национален тим, а единствениот пораз во Виена во јуни 2012 година е безболен, бидејќи претходно со поголема разлика, Лазаров и другарите славеа во Скопје. Па традицијата нека продолжи и по утрешниот дуел во Доха.
Јоноски го пропушти попладневниот тренинг
![]()
Фото - Спортмедиа
Болните гримаси на лицето на нашиот дефанзивен лидер, Ацо Јоноски се забележаа уште во првото полувреме на вчерашниот меч со Хрватска. Веројатно да не беше мундијалски меч, стружанецот превентивно ќе беше поштеден, но тој херојски го издржа до крај мечот со „коцкестите„ Утрово стигна веста дека неговиот скочен зглоб е потечен и попладнево од 15 часот, Јоноски не тренираше.
ФОТО: Хрватските медиуми ликуваат ден по победата
![]()
Контрадикторни наслови, изјави кои се на еден или друг начин пренесени, но почеток на вообичаената еуфорија за време на големите турнири ги зафаќа хрватите кои ликуваат по победата против Македонија. Некои пишуваат дека полесно од очекуваното е победена „четата„ на Обрван, согласувајќи се со Славко Голужа, други пак одобруваат дека „коцкестите„ полека ја подигаат формата.
ВИДЕО: Мајер: „Секако дека сакаме да ви се реваншираме„
![]()
Колку што ние со оптимизам и насмевка гледаме на наредниот противник, Австрија, толку и момците на Јоханесон се мотивирани да ни се реваншираат за нашите последни големи победи во баражот во летото 2012 година и на последното европско првенство во Данска. Тоа може да се забележи и во зборовите на австрискиот ракометар Лукас Мајер:
ФОТО: Реанимација и масажи за враќање на енергијата
![]()
Напорите од мечот со Хрватска, но пред се од серијата на натпревари во турнирски систем, силно ги трошат нашите ракометари, но сите знаат дека вистинските испити доаѓаат на крајот од оваа недела и треба да се „наполнат акумулаторите„ и да се освежат телата во пресрет на мечот со Австрија и осминафиналето.
Јоноски со повреден зглоб, не „мириса„ на добро
![]()
Ако повредите не штедеа во првата недела од мундијалот, сега како да почнуваат проблемите. Настапот на Ацо Јоноски на мечот со Австрија е неизвесен, бидејќи му е отечен зглобот на десната нога и не може нормално да се движи, а камо ли да тренира. Стружанецот го повреди зглобот во почетните минути од натпреварот со Хрватска и видлива беше неговата болна гримаса на лицето.




