Зрело и комплетно издание за прва победа над Тунис
![]()
Б - група
Македонија - Тунис 33:25 (18:14)
Првиот меч на мундијалот во Катар беше и дуел на клубските колеги од Барселона, македонецот Лазаров и тунижанецот Жалуз. Носени од скоро 2000 навивачи, момците на Хасанефендиќ поведоа по 50 секунди со голот на Ахмен Хамед. Веќе во следниот напад Жалуз ефектно зголеми на 0:2. Реакцијата на нашиот тим беше седмерецот изнуден од Никола Марковски и реализацијата на Кирил Лазаров.
Македонија почесто губи, отколку што победува на деби мечевите
![]()
Две победи, еден нерешен резултат и три порази имаат македонските ракометари на стартот на големите приредби на кои сме учествувале. Билансот станува уште полош ако се земе во предвид и стартниот пораз на олимписките квалификации во Гетеборг против Унгарија. Време е да се подобри билансот и за прв пат да се совлада Тунис во официјален натпревар.
Германски судии ни судат против Тунис
![]()
Ларс Геипел и Маркус Хелбиг од Германија се делегирани од IHF за судии на мечот Македонија - Тунис денес од 15:00 часот по македонски време во „Лусаил арена„ во Доха. Истите судии ја делеа правдата и на првиот натпревар на последното европско првенство меѓу Данска и Македонија.
Митревски и Димовски на трибините против Тунис
![]()
Кружниот напаѓач Ванчо Димовски и голманот Николче Митревски испаднаа од ростерот за мечот со Тунис, откако селекторот Ивица Обрван го објави списокот на 16 играчи кои ќе го почнат мундијалот. На техничкиот состанок неколку часа пред мечот нашата делегација ги пријави играчите со кои ќе настапат, а според пропозициите можеме да извршиме две замени во текот на првенството.
Лазаров за „ДЕРБИ„: Најважни ни се два датуми и два натпревари„
![]()
Во пресрет на дебитанскиот меч на македонската репорезентација на мундијалот во Катар и мечот со Тунис,капитенот Кирил Лазаров со оптимизам сака да го почне својот четврт шампионат на светот. Тој во изјавата за „ДЕРБИ„ потенцираше дека секој меч е важен, но два натпревари и два датуми се од одлучувачка важност за нашето првенство:
ВИДЕО: Марковиќ: „Одиме чекор по чекор, осминафиналето е далеку„
![]()
Искусниот црногорски леворак бек, Жарко Марковиќ, кога најмногу требаше постигна клучни голови и придонесе Катар да ги прокнижи првите бодови на шампионатот. Тој беше пресреќен и потврди дека Катар оди од еден до друг противник во групата и не размислува за понатаму, па и за евентуален меч со Македонија:
Марковиќ и Шариќ му донесоа историска победа на Катар
![]()
Катар - Бразил 28:23 (15:12)
24 светско првенство го отвори дуелот на две селекции водени од шпански тренери и очекувано се радуваше поискусниот Ривера. Домаќинот Катар одлично го отвори мечот со динамичниот Бразил. Шариќ на голот и Хасаб Аба во првите 10 минути направија разлика и Катар поведе со 12:6. И Жарко Марковиќ со 3 гола во првиот дел ги оправда очекувањето од него.
Се е спремно за спектакуларното едночасовно отворање во Доха
![]()
Големата „Лусаил спорт арена„ во Доха е подготвена за најспектакуларниот церемонијал на свечено отворање на еден ракометен мундијал. 24 светски самит на машкиот ракомет ќе биде отворен со едночасовно шоу во режија на „Дејвид Еткинс Ентерпрајс„ Исто така на трибината со новинарите ќе биде истакнато огромно знаме со димензии 50 метри должина и 30 метри висина.
Лазаров: „Очекуваме агресивен Тунис, но ќе одговориме со интелегенција„
![]()
Во голема форма капитенот Кирил Лазаров го очекува мечот со Тунис и се надева дека како и во Шпанија 2013 година кога го совладавме Чиле на стартот, пак со триумф ќе почнеме едно светско првенство:
ФОТО: Фалангата се групира и се зголемува низ Доха
![]()
Многу тунижани живеат во Катар и утре за мечот со нашата репрезентација се очекува голема подршка за селекцијата вицешампион на својот континент. Но полека се зголемува и бројот на македонски навивачи, кои деновите или пристигнаа или во секој момент треба да пристигнат во Доха.




