hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Од скопската нула, ракометарите во Доха се на +24

lazarov hotel rusija

Mакедонските ракометари според планот пристигнаa во главниот град на Катар, Доха. Претходно нашите ракометари учествуваа на меѓународниот турнир во Нант, па променија три температурни зони, три различни клими. Од скопскиот снег и температурата околу и под нулата, преку сончевите 10тина степени во Франција, до катарските 20 и преку 20.

Повеќе...

ФОТО: Репрезентативците го одработија првиот тренинг во Доха

trening

Откако синоќа слетаа во Доха и ги решија недоразбирањата со натписот на репрезентативниот автобус, македонските ракометари денес го одработија првиот тренинг на катарско тло. Момците на Обрван работеа во помошната сала во Лусаил, а мечевоте ќе се играат во ултрамодерната „Лусаил хал".

Повеќе...

Лазаров во екс-ју идеалниот тим

best eks yu

Читателите на порталот „Balkan-handball„ го избраа идеалниот тим од ракометари од бившите југословенски простори во кои секако свое место има и капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров. Во идеалниот тим се наоѓаат пет хрватски ракометари: Мирко Алиловиќ, Домагој Дувњак, Мануел Штрлек, Иван Чупиќ и Игор Вори, босанецот Никола Прце и македонецот Кирил Лазаров.

Повеќе...

ФОТО: Репрезентативците одбија да се качат во автобусот со логото БЈР Македонија!

sporen bus 1

Непријатно изненадување ги чекаше нашите репрезентативци на аеродромот во Доха, во Катар. На брендираниот автобус за нашата репрезентација стоеше придавката ФИРОМ.

Повеќе...

Француската машина пресилна за променливата Македонија

mkfra3

Турнир во Нант (Франција) - Финале

Франција - Македонија 30:20 (18:8)

Во величествен амбиент во Нант, мечот меѓу Франција и Македонија почна со едноминутно молчење како последна почит за жртвите на терористичкиот акт во Париз пред неколку дена. Карабатиќ и Бараше, сегашниот и поранешниот соиграч на Лазаров, комбинираа за првиот гол на европскиот првак. Лазаров со „бомба„ возврати за 1:1 по 80 секунди. Капитенот и во вториот скок-шут го матира Омејер за првото наше водство (1:2).

Повеќе...

Лазаров за Карабатиќ: „Тој е врвен професионалец, секогаш игра 100%„

1382935 571117322941641 1472345588 n

За прв пат во националниот дрес Кирил Лазаров ќе игра против својот клубски колега од Барселона, Никола Карабатиќ. Во пресрет на мундијалот, но и на пролетните квалификации за европското првенство во Полска во 2016 година, попладнево Македонија и Франција ќе играат во финалето на турнирот во егзибициониот центар „XXL арена„ во Нант:

Повеќе...

ФОТО: Македонија во Доха ја чека ултрамодерен автобус

avtobus makedonija

Кога утре ракометната репрезентација на Македонија ќе пристигне во Доха ја чека автобусот со кој ќе се вози за време на мундијалот. Тој е ултрамодерен и ги има сите обележја на македонската ракометна репрезентација. Сите натпревари на Мундијалот ќе се одвиваат во три сали во Доха, а Македонија во групната фаза ќе настапи во сите од нив.

Повеќе...

Лазаров ја мина границата од 1200 гола

kire alzir 2

Со шесте гола на турнирскит меч со Алжир, капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров ја мина границата од 1200 гола во 160 мечеви за националната репрезентација. Сега има 1203 гола што во просек значи дека постигнувал по 7,5 гола по натпревар. Лазаров за репрезентацијата дебитираше на 23 септември 1998 година на квалификациониот меч со Белгија. 1000 гол ракометарот на Барселона го постигна во нашиот пораз од Португалија во квалификациите за европското првенство во Данска, а сега брзо стигна и до бројката 1200 постигнати гола.

Повеќе...

Лекција за афричкиот првак и финале против Франција

kire alzir 1

Турнир во Нант (Франција) - Полуфинале

Македонија - Алжир 32:20 (14:10)

Во убав амбиент во „XXL арената„ во Нант, Миркуловски мина низ срцето на одбраната на Алжир и го отвори резултатот. Цврсто почна нашата одбрана, а по голот на Манасков, од третиот напад, Билум го постигна првиот алжирски гол (2:1). Лазаров влезе во ритам и погоди од седмерец и му понуди зицер на Наумче Мојсоски за 4:1 во 7 минута.

Повеќе...

ФОТО: Ракометарите ја почувствуваа „XXL арената„ во Нант

nant2

Македонските ракометари го одработија првиот тренинг во Нант, во „ХХЛ" арената" која има капацитет од 10.700 гледачи и во која игра Нант. Таму ќе се играат натпреварите на меѓународниот пријателски турнир на кој покрај нашата селекција ќе учествуваат Алжир, Франција и Аргентина.

Повеќе...