
По долг пат преку Загреб и Париз, македонската ракометна репрезентација пристигна во Нант каде во наредните два дена ќе учествува на турнирот на кој дел се уште и Франција, Аргентина и Алжир. Македонските ракометни репрезентативци можеа да се уверат во засилените безбедносни контроли на аеродромот „Шарл де Гол" во Париз каде што биде детално претресени од француската полиција, која ја има во голем број поради големиот број убиства во последните два дена во „градот на светлината".
Нашите ракометари не знаат со кои дресови ќе настапат на утрешниот меч со Алжир, со оглед на тоа што во Нант не пристигна ниту еден куфер на ракометарите, ниту пак торбите со опремата.