Лазаров: „Кампот е моја најдобра инвестиција„
![]()
Ова лето за прв пат во Охрид ќе се одржи ракометниот камп на најдобриот Македонски ракометар, Кирил Лазаров. Самиот ракометар кој долго размислувал на оваа тема, го потенцираше кампот како најдобар негов потег во областа на спортот:
Ова лето почнува ракометниот камп Кирил Лазаров 7
![]()
Веќе е официјално. Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров почнува нов проект, кој ќе биде полезен за најмладите, за иднината на македонскиот ракомет. Агенцијата за спортски маркетинг, консалтинг и менаџмент „КМГ Спорт" ќе биде организатор на Ракометниот камп „Кирил Лазаров 7„ кој ќе се одржи во Охрид од 22 до 28 јуни 2015 година.
И без најголемите звезди, Барса со спектакл до нова победа
![]()
Хуеска - Барселона 22:43 (11:26)
Во мечот со кој се заокружи 23 коло од ASOBAL лигата, Барселона и без Арињо, Карабатиќ и Лазаров лесно ја совлада Хуеска на гости и направи уште еден чекор кон математичката потврда на титулата. Шампионите започнаа немилосрдно по голот на Адам Савиќ и поведоа со 1:5 со головите на Раул Ентрериос и Сигурдсон. Хуан Гонзалез Новел со два седмерци одговори, но тенденцијата беше дека гостите постигнуваат двојно повеќе голови од домаќините. Така Сорондо погоди за 4:8 во 10 минута.
Против Хуеска, Пасквал ќе мора без Лазаров и Арињо
![]()
Барселона вечерва во рамките на 22 коло од ASOBAL лигата ќе игра против Хуеска. По двете победи против Алборг и дознавањето на четвртфиналниот ривал, момците на Пасквал ќе мора да се насочат кон победите и рекордите во домашното првенство. Сепак на овој меч ќе настапт без двајца свои ракометари.
Барса и Лазаров го добија ППД Загреб за четврфинален противник
![]()
Денес во Виена беа извлечени паровите за четвртфиналето на Лигата на шампионите. Ова е предпоследна ждрепка и последен филтер пред Final four турнирот во „Ланксес арената„ во Келн на крајот од мај. Кирил Лазаров и Барселона за противник го добија хрватскиот првак и двократниот европски шампион ППД Загреб. За оваа екипа во два наврати играше и Кирил Лазаров, така да тоа ќе биде негово соочување со минатото. Првиот меч се игра во „Ледената дворана„ во Загреб, а реваншот во „Палау Блауграна„
Илиќ изби на врвот на листата на стрелците
![]()
По одличниот настап против Натурхаус Ла Роха, српскиот интернационалец Момир Илиќ изби на врвот на листата на стрелците со 86 гола, еден повеќе од Кирил Лазаров по 12 одиграни натпревари. Не доцни многу ниту третопласираниот Микел Хансен. За оние кои ќе стигнат во Келн остануваат уште четири меча.
Барса ги знае своите можни противници во ждрепката
![]()
Барселона за пласман во Келн на крајот од месец мај ќе мора во двомеч од четвртфиналето да биде поуспешна од еден од следните четири противници: Вардар, ПСЖ, ППД Загреб или ПИК Сегедин. По диригираната ждрепка, еден од овие четири тима ќе му биде ривал на Лазаров и другарите. Првите мечеви се играат на теренот на екипата од вториот шешир од 8 до 12 април, а возвратниот меч во „Палау Блауграна„ во периодот од 15 до 19 април.
Втор пат победен Алборг и правец - четвртфинале
![]()
Барселона - Алборг 29:22 (14:9)
Барселона повторено обезбеди четвртфинале во Лигата на шампионите, како скоро и во секоја сезона години наназад и пак тоа го направи со две победи, како и во последните три сезони. Не беше лесно да се мотивираат ракометарите по победата од 20 разлика во Данска, но Пасквал наметна меч во кој каталонците ќе доминираат и водат во текот на сите 60 минути.
Лазаров се зацврсти на врвот на листата на стрелците
![]()
Кирил Лазаров и натаму е прв на листата на стрелци во Лигата на шампиони по првите мечеви од осминафиналето. Тој има 84 гола, пред Илиќ од Веспрем кој е втор со 76 и Дибиров од Вардар на третото место со 74 гола. Лазаров кој два пати беше крал на стрелците во најсилниот европски Куп игра фантастична сезона и веројатно со клубските амбиции, се назираат и неговите инвидуални награди.
„Барселона експрес„ мина низ Алборг
![]()
Алборг - Барселона 11:31 (5:16)
Кога разликата во квалитет е толку голема и фаворитот многу сериозно му пристапи на мечот како Барса во Алборг ова неделно попладне, тогаш се работи за голема ракометна лекција. Момците на Пасквал играа неверојатно цврсто во одбраната, не дозволуваа данците да постигнат ниту лесни, ниту тешки голови и брзо се одлепија до 0:6. Лазаров беше главна игла во перфектниот каталонски тим.




