Обрван повика 28 имиња во поширокиот избор за двомечот со Франција
![]()
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван го објави поширокиот список за двомечот со Франција на 29 април во Скопје и на 3 март во Тулуз. Од мундијалскиот избор го нема Ванчо Димовски, сврстен е и повредениот Никола Маркоски, а повикани се и осум повратници. Собирот во Скопје е на 27 април.
Периќ и Дибиров гости на кампот „Кирил Лазаров 7„
![]()
Ракометниот камп „Кирил Лазаров 7 " ќе се одржи од 22 до 28 Јуни во комплексот на „Хотел Аквалина" на брегот на охридското езеро, во организација на „КМГ Спорт", а под „диригентската палка" на најдобрата седумка во светот на ракометот, Кирил Лазаров.
Илиќ пред Лазаров на врвот кај голгетерите
![]()
По првите натпревари од четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите, на чело на листата на стрелци е Момир Илиќ од Веспрем, кој му побегна на Кирил Лазаров за четири гола. Максимално ќе се одиграат уште три натпревари за екипите кои ќе стигнат до завршницата на Лигата на шампионите.
Честит Велигден
![]()
Официјалната веб страна на Кирил Лазаров на сите православни христијани им го честита најголемиот празник - Велигден или Воскресение Христово, најважниот верски празник во православниот календар.
ВИДЕО: Како Барса ја славеше петтата последователна титула!
![]()
Со триумфот на гостувањето кај Сегурос Замора со 19:45, Барселона ја освои титулата во ASOBAL лигата за 2014/15 година. На Лазаров и другарите не им сметаше што играа два натпревари во три дена и од Ваљадолид со славје и шампањ се вратија во Каталонија. Еве како изгледа моментот кога и математички е решен првакот за оваа сезона и Барса на Хавиер Пасквал со петте последователни титули го израмни резултатот на дрим-тимот на Валеро Ривера на почетокот на деведесеттите.
Лазаров 16 пати национален првак, стигна до 43 трофеи во кариерата
![]()
На повидок е најуспешната сезона во кариерата на Кирил Лазаров. Со втората негова титула првак на Шпанија стигна до 43 трофеј во кариерата. Дури 16 пати во својата кариера националниот капитен бил шампион во земјата каде настапувал. Со сите четири екипи со кои освојувал титула успеал да го одбрани трофејот, а само со Атлетико Мадрид не успеа да ја освои ASOBAL лигата. Веќе петти пат освојува трофеј во сезоната 2014/15, што е израмнување на ланската сезона. Сепак сега има простор за уште две круни со оглед на тоа што Барса обезбеди Final four во Купот на шпанскиот Крал, а на прагот е тоа да го стори и во Лигата на шампионите.
Нова рекордна победа ,Барса првак на Шпанија по 22 пат
![]()
Сегурос Замора - Барселона 19:45 (8:24)
Со победата на гостувањето кај Сегурос Замора, ракометарите на Барселона и математички ја осигураа својата 22 титула првак на Шпанија. На 5 кола до крајот на ASOBAL лигата, момците на Пасквал ја потврдија својата супериорност и со победа од 26 разлика кај новиот прволигаш Сегурос Замора, стигнаа до петтата последователна титула.
Светскиот првак со Абало, а без Жером Фернандез против Македонија
![]()
Светскиот првак Франција ќе ги има првите официјални мечеви по освојувањето на круната во Катар. На 29 април во Скопје и на 3 мај во Тулуз „триколорите„ ќе играат против Македонија во продолжувањето на квалификациите за ЕП во Полска. Собирот на Онеста е закажан за 27 април, а на него од јунаците во Доха ќе го нема само повредениот Жеро Фернандез. Во тимот се враќаат Онрубија и Абало.
Лазаров и Барса денес ја освојуваат ASOBAL лигата
![]()
По победата во Загреб во Лигата на шампионите, ракометарите на Барселона останаа во Загреб и вчера отпатуваа за Ваљадолид каде го одржаа и последниот тренинг пред денешниот меч со Сегурос Замора. Со оглед на 10 бода предност во пресрет на последните 6 кола, ако Барса го совлада новиот ASOBAL лигаш и математички ќе ја одбрани титулата.
Карабатиќ: „Загреб е одличен тим, се подготвувавме 10 дена и одигравме како што треба„
![]()
Искусниот тим на Барселона си ја заврши работата во Загреб и ја забележа 11 победа од 13 натпревари во најсилниот европски Куп оваа сезона. Играчот на натпреварот Никола Карабатиќ ја пофали атмосферата, противникот и Веселин Вујовиќ за добриот натпревар и сезона:




