hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Бараше повреден, Онеста го повика дебитантот Ди Панда

barase

Светскиот првак Франција остана послаба за неколку ракометари од тешко извојуваната победа во СЦ „Борис Трајковски" во Скопје против Македонија. Повреда заработи десниот бек во составот на Клод Онеста и бивш соиграч на Лазаров во Атлетико Мадрид, Ксавиер Бараше и нема да може да настапи на реваншот во Тулуз в недела. Дополнително е повикан Адријан Ди Панда, од Сант Рафаел.

Повеќе...

Мојсоски повреден, не патува за Тулуз

mojso so omeyer

Стравувањата се потврдија и синоќа на прес-конференцијата по мечот против Франција, селекторот Ивица Обрван обелодени дека средниот бек на нашата селекција, Наумче Мојсоски е посериозно повреден и нема да може да игра на реваншот во Тулуз со Франција.

Повеќе...

ВИДЕО: Абало: „Сакаме да играме вакви мечеви, секако дека искуството одлучи„

abalo - angelov

Кога игравме во Нант во јануари на турнирот пред мундијалот, Лук Абало не настапи заради повреда, поради која подоцна го пропушти и светското првенство. Но на мечот синоќа во СЦ „Борис Трајковски„ ги покажи своите неверојатни моменти на светска класа. По мечот ни откри што беше одлучувачко за победникот:

Повеќе...

Важна победа на Чешка во Шафхаузен

ceska rakomet1

Швајцарија - Чешка 26:30 (12:14)

Пред 1450 гледачи во Шафхаузен, Чешката ракометна репрезентација ја забележа првата победа во квалфикациите за ЕП во Полска следната година. Чешка предводена од Петровски кој постигна 6 гола, водеше во текот на целиот натпревар и на крајот со 26:30 го совлада швајцарскиот тим кој сега е без шанси за пласман на едно од првите две места.

Повеќе...

ВИДЕО: Манасков: „Искуството на французите беше клучниот фактор во финишот„

manaskov-615x400

Двете суперсонични крила Дејан Манасков и Лук Абало одиграа одличен натпревар покажувајќи ја комплетниот свој раскош и талент. Нашето крило причината за поразот ја најде во искуството на француските „експерти„ кои одиграле голем број вакви натпревари и знаат како да одиграат во тесна завршница, кога се „крши„ резултатот.

Повеќе...

ВИДЕО: Лазаров: „Штета што ја испуштивме шансата за изненадување„

makedonija-francija-4

Со осум гола и голем број асистенции капитенот Кирил Лазаров и против Франција покажа висока класа и лидерство. По мечот колку беше големо задоволството од добро одиграниот меч, толку беше чудно чувството за испуштената шанса да се остане непоразен против апсолутниот доминатор во светот на модерниот ракомет.

Повеќе...

Македонија го „испоти џинот„ тесна победа на Франција во Скопје

11180115 10206622389981046 149577676 n

Квалификации за ЕП - Полска 2016 година
Македонија - Франција 25:27 (13:15)

Втор пат по ред актуелен светски првак гостува во Скопје во официјален натпревар. По Шпанија на Валеро Ривера, моќните „галски петли„ на Онеста допатуваа во нашата земја без ветеранот Жером Фернандез и младиот Ниокас, кои се повредени. Но многу поголеми грижи имаше Обрван, кој не можеше да смета на Н. Маркоски,Вугринец и Митревски од мундијалскиот избор. Мишел Гигу од првата контра го отвори резултатот во полза на гостите. Од третиот наш напад, Ацо Јоноски низ транзиција го совлада Омејер за 1:1. Реакцијата на светскиот првак беа нов гол на Гигу, голови од контра на Лука Карабатиќ и Сорондо за 1:4 во 6 минута.

Повеќе...

Обрван дополнително го повика Филип Талески за двомечот со Франција

filip taleski1

На неполни 24 часа пред мечот со Франција, селекторот Ивица Обрван се дополнително го ракометарот на Металург Филип Талески. Откажувањето на Ренато Вугринец заради приватни проблеми, ровитоста на Наумче Мојсоски и Никола Маркоски беа доволни причини Обрван да повика уште еден бек, а изборот падна на младиот Талески.

Повеќе...

Д-р Жан Митрев и болницата „Филип втори„ се од огромен значај за кампот

kamp 3

Kардиохирургот Д-р Жан Митрев и болницата „Филип Втори„ се соработници на кампот на нашиот најдобар ракометар „Кирил Лазаров 7„ и со задоволство прифатија да бидат дел од амбициозниот проект на ракометарот на Барселона. „Ние како институција сме почестени и горди дека ќе дадеме еден придонес од наша страна во однос на обезбедување на децата од здравствена и психолошка гледна точка" изјави Д-р Митрев, кој е одговорен и за организацијата на три едукативни работилници на кампот, во кои децата ќе добијат едукација од двајца лекари и од еден психолог.

Повеќе...

ВИДЕО: Ристовски: „Ова е одличен тест и да загубиме од Франција не е срамота„

borko-mirkulovski-pres-624x351

Утре најдобрата Македонска репрезентација игра со светскиот, олимписки и европски првак, Франција. На денешната средба со новинарите во СЦ „ Борис Трајковски„ нашите репрезентативци и селекторот беа преполни со комплименти за противникот.

Повеќе...