Виран Морос: „Да го вратиме пропуштено од мечот со Фленсбург„
![]()
Оптимизам ги грее ракометарите на Барселона пред денешното полуфинале против Киелце. Но никој од каталонскиот табор не помислува да го потцени противникот или да влезе несериозно против Киелце. „Пречесто играме завршниц и се знаеме многу добро. Јас веќе се заморив да ги губам клучните натпревари. Имам два порази во полуфиналето и два во финалето, откако се игра во Келн. За она што го пропуштивме минатата година со Фленсбург, мислам ни недостига еден трофеј. Верувам дека оваа година е вистинската. Но кога ќе дојдете во Келн, тоа е признание дека сте имале успешна сезона и дека сте дошле во многу тесен круг за освојување на европската титула„ изјави специјалистот за одбрана, Виран Морос, кој во Келн играше и како член на Сиудад Реал и сега во дресот на Барселона.
Барселона пред Кил на вечната листа во Лигата на шампионите
![]()
Откако во 1993 година ЕХФ го смени системот на натпреварување и наместо Купот на шампионите и два елиминациони натпревари се до финале, воведе групна фаза, а пред шест години и Final four, ракометот доби нова димензија и стана глобален спектакл. За тоа се најзаслужни и две екипи како Кил и Барселона, кои скоро секоја година се присустно во самиот врв на европскиот ракомет и освојуваат трофеи. На вечната листа, тоа се единствените екипи со преку 300 бода и 70% успешност и очекувано се на врвот.
Киелце никогаш не ја победил Барселона
![]()
Денес во „Ланксес арената„ во Келн, Барселона и Киелце по четврт пат ќе се сретнат во официјален натпревар. Две победи на каталонците и еден нерешен резултат е досегашниот скор. Прв пат овие екипи играле во октомври 2010 година, кога Киелце загуби на домашен терен со 26:33 (11:18). Една недела подоцна во меч кој ништо не значеше во групната фаза, двете екипи играа нерешено 28:28 (15:12). Киелце и Барселона последен пат се сретнаа во јуни 2013 година, кога во полуфиналето на Final four турнирот пред две години, Барса на Пасквал го победи Киелце на Богдан Вента со 28:23 (13:10).
Каталонците го одработија и последниот тренинг пред полуфиналето
![]()
Во мала сала во близина на Келн, ракометарите на Барселона го одработија и вториот тренинг откако дојдоа на Final four и со тоа се подготвени за мечот со Киелце. Сите освен Јоан Саубич, кој е повреден, се подготвени и силно мотивирани да го освојат шестиот трофеј во сезоната. Рутенка и Сармиенто ги залечија повредите кои ги мачеа на почетокот од мај и ќе бидат во ростерот на Пасквал.
Пујол пак од првиот ред ќе ја бодри Барса
![]()
Како и пред минатата година кога беше на трибините, но и не и донесе среќа на Барселона, легендарниот капитен на фудбалската екипа до минатата година, Карлес Пујол пак од првиот ред ќе ги бодри Лазаров и другарите. И тој беше изненаден како во мај минатата година, каталонците прокоцкаа добиен натпревар против Флензбург, но оваа година следи нова шанса. Тој и неговите пријатели во дресови на Барса од првиот ред ќе ги следи четирите средби од Final four турнирот.
Талант: „Подготвени сме за спортска „војна„
![]()
Човекот кој на Шпанија му донесе многу и во клубскиот и во репрезентативниот ракомет, Талант Душеабев денес е главната опасност за Барселона во првото полуфинале во Келн. Тој со големо искуство, познавањето на противничките ракометари и тактичките детали, сигурно ќе подготви најдобра можна тактика за Лазаров и другарите:
ФОТО: Лазаров и Шариќ потпишуваа автограми пред полуфиналето
![]()
Еден од традиционалните спонзори на ракометните приредби и на Final four турнирот во Келн, компанијата „Jack & Jones„ пред почетокот на полуфиналните мечеви во својот простор во Келн организираше дружење на најмладите и на љубителите на ракометот со по двајца ракометари од секоја од четирите екипи присутни во Келн.
Барса, најдобра во Европа во сите статистички податоци
![]()
Во досегашниот тек на сезоната во Лигата на шампионите постигнати се 8765 гола, од кои 657 на квалификационите турнири, 6816 во групната фаза, 850 во осминафиналните мечеви и 442 гола во четврфиналињата. Со 13 победи и само 1 пораз, полскиот Киелце доаѓа со најдобар скор во Келн. Барселона со 466 постигнати гола е најефикасна екипа до овој момент, а ја има и најдобрата гол разлика +109.
Бундеслигашите најчесто во Келн, Барса и Кил пропуштиле само еден турнир
![]()
Ова е шесто издание на final-four турнирот на Лигата на шампионите,а ниту една екипа до сега не успеала да учествува на сите претходни завршни турнири. Кил и Барселона беа многу блиску, но имаат по една елиминација во нокаут фазата. Клубовите од Германија се најчести гости во „Ланксес арената„.
Ќе го скрши ли Сигурдсон малерот на завршниот турнир во Келн?
![]()
Исландското брзо крило, Гудјон Валур Сигурдсон никогаш не ја освоил Лигата на шампионите, иако најмногу учествувал на завршниот турнир. Утре ќе истрча во дресот на Барселона во четврт различен дрес во „Ланксес арената„ со желба да го скрши малерот и конечно да го освои големиот пехар од најквалитетниот Куп. Во 2011 година во дресот на Рајн Ловен Некер го освои третото место, откако загуби во полуфиналето од Кил.




