hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Ким Сандерс е звездата на ЕХФ за завршниот турнир во Келн

kim sanders 2

Девојката која ја подигна Германија на нозе од изборот „Глас на Германија„ Ким Сандерс е музичката звезда која ЕХФ ја одбра за ракометниот викенд во Келн. Таа ќе има неколку настапи во текот на трите дена пред и за време на натпреварувањето. Денес ќе ги забавува присутните на кратката манифестација на отворањето, ќе ја пее химната на Лигата на шампионите „Do it like us„ на Роб Фаулер, а ќе има и свој настап по завршувањето на финалето.

Повеќе...

Јиха е нај-стрелец во Келн, Лазаров четврт

jiha 1

Барселона и Кил се екипите кои најчесто настапуваат во Келн за завршниот турнир на Лигата на шампионите. Затоа и нивните најдобри стрелци, високо котираат на вечната листа, остако пред шест години ЕХФ одлучи со ваков турнир да се решава европскиот првак. Нашиот Лазаров е убедливо прв во генералната листа на стрелци во Купот или Лигата на шампионите со преку 950 гола, а не заостанува многу и зад чехот со голови постигнати само во „Ланксес арената„ во Келн.

Повеќе...

Рутенка по шестата европска круна, легендите на Барса имаат по седум

rutenka 5 champions1

Без разлика кој ќе триумфира овој викенд во Келн, нема многу работи да се сменат на врвот на вечната листа на Купот или Лигата на шампионите. Од присустните во Рурската област на Германија, да испише исптирија има соиграчот на Лазаров, Сергеј Рутенка, кој ја брка шестата европска титула. Најмногу Куп или Лига на шампионите освоиле Андреј Шчепкин, Давид Баруфет и Хавиер О Калахан, дури по 7 пати.

Повеќе...

Повеќе од една деценија шампионот е шпански или германски тим

ciudad real win

11 години екипи од Шпанија или Германија ја освојуваат Лигата на шампионите, која откако се одржува завршен турнир нема ниту финалист кој доаѓа од друга лига или друга земја. Рутенка со Пивоварна Цеље Лашко е последниот европски првак кој не доаѓа од Бундеслигата или ASOBAL лигата. Киелце по втор пат ќе гостува во Келн, а во првиот обид не го мина полуфиналето пред две сезони. Унгарскиот Веспрем постојано е во европскиот врв, но никогаш не станал шампиони, а финале играл само во 2002 година.

Повеќе...

Осма титула за Барса, четврта за Кил или премиерна за Веспрем или Киелце?

paski win

Убедливо на првото место на клубската вечна листа на Купот или Лигата на шампионите е Барселона со 7 европски титули и уште 4 порази во финалните мечеви. Кил од седум одиграни финални мечеви, три успеал да ги добие. Заедно со Кил, уште и Дукла, Сиудад Реал, СКА Минск и Магдебург имаат по три европски круни. Германија е на првата позиција со 19 европски титули, заедно со титулите на бившата ДДР.

Повеќе...

ФОТО: Лазаров и Барса пристигнаа во Келн по сонот

10

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров и бројната експедиција на Барселона денес со чартер лет од Каталонија пристигна во Келн, каде овој викенд ќе се обиде по деветти пат да стане европски првак. Лазаров по четврт пат ќе учествува во Келн на завршниот турнир на Лигата на шампионите. До сега има два порази во финалето со Реновалиа Сиудад Реал и Атлетико Мадрид и еден полуфинален пораз со Барселона, минатата година од европскиот првак Флензбург.

Повеќе...

Перфектна лига и нова победа со 40 постигнати гола за Барса

lazarov vs ademar leon

Барселона - Адемар Леон 40:29 (22:14)

30 победа во 30 натпревар во ASOBAL лигата за екипата на Барселона, која 61 последователен натпревар во домашното првенство бележи само победи. Во последниот тест пред патот за Келн, момците на Пасквал ја завршија работата против младата екипа на Адемар Леон. Нашиот Кирил Лазаров одлично го започна мечот и постигна два гола во првите 4 минути за водство од 4:2 на екипата на Барселона. Гостите возвратија преку Биоска Гарсија и Де Алмеида и намалија на 5:4 по 10 минути игра.

Повеќе...

ВИДЕО: Сите членови на кампот „Кирил Лазаров 7„ здрави и способни за спорт

pregled

Деновиве млади македонски спортисти од целата земја и учесници на ракометниот камп на Кирил Лазаров се дел од прегледите на специјализираната болница „Филип втори„ и на особено задоволство сите момчиња и девојчиња се здрави и подготвени за спортска актиност.

Повеќе...

Мојот стручен кадар е гаранција за успешноста на проектот – ракометен камп

najavanatreneri

Како една од најважните алки во реализација на проектот ракометен камп и фундаментален дел од едукацијата и надградбата на секој учесник на кампот е тренерскиот кадар кој во координација со мене треба да ја реализира програмата предвидена за овогодишниот камп. Размислувајќи околу изборот на моите соработници кои покрај врвни ракометни стручњаци, треба да бидат врвни педагози и личности на кои треба да ги довериме „нашите" деца кои ќе учествуваат на кампот.

Повеќе...

Проблеми на стартот и комотна победа во продолжението за Барса во каталонското дерби

gurbindo

Грањолерс - Барселона 29:34 (18:15)

Последното каталонско дерби оваа сезона беше најсериозниот тест за екипата на Пасквал пред обидот да се освои Лигата на шампионите на крајот од овој месец во Келн. Без Сармиенто, Саубич и Рутенка, Барса хендикепирана замина во своето соседство. Гостите подобро го почнаа мечот и во првите 10-12 минути, благодарение на капитенот Томас, на нашиот Лазаров и на Никола Карабатиќ неколку пати имаше +2.

Повеќе...