hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров прв стрелец по групната фаза на Лигата на шампионите

1937492 780636658666463 7452518769831993356 n

Десниот бек на Барселона и капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров ја заврши групната фаза на Лигата на шампионите на врвот на листата на стрелците со 76 гола по 10 одиграни натпревари. Во последните четири кола тој застана на врвот и само ја зголемува предноста. Лазаров има 7 гола повеќе од Дибиров и 9 од Илиќ.

Повеќе...

Барса со нова победа, Лазаров стрелец на 7 гола

rutenka 5

Бешикташ - Барселона 25:29 (12:14)

Ракометарите на Барселона со 8 победи, 1 реми и 1 пораз, како победници ја завршија групната фаза на Лигата на шампионите и во вторник ќе го дознаат противникот во осминафиналето на Лигата на шампионите. Во Турција против Бешикташ и без четворица стандардни првотимци, кои Пасквал ги остави дома, Лазаров и другарите издвојуваа победа. Посебно мотивиран беше нашиот репрезентативец, кој во победата вгради 7 гола и ја зголеми својата предност на врвот на листата на стрелците.

Повеќе...

Барса без четворица стартери одпатува во Истанбул

1476062 890898250920304 5478541437015136303 n

Со победата против Колдинг Копенхаген на домашен терен минатата недела, ракометарите на Барселона го осигураа првото место групата и со тоа нешто поповолен противник во осминафиналето. Затоа утрешното гостување во Истанбул против Бешикташ, тренерот Пасквал ќе го одигра со комбиниран состав, но и покрај тоа со фаворитската улога кај каталонците. Седрик Сорондо, Никола Карабатиќ, Раул Ентрериос и Витор Томас останаа во Барселона и добија поштеда од стручнот штаб во мечот во кој само престижот е во игра.

Повеќе...

Ждрепката за осминафиналето во вторник во Виена

zdrepka ehf

Во вторник на 24 февруари во 12:30 часот „Гартен Хотел„ во Виена ќе биде извршена ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите. Термините за одигрување на мечевите од осминафиналето се 11-15 март и 18-22 март, со тоа што Барселона и останатите прво и второ пласирани во групите, возвратните мечеви ќе го играат на домашен терен.

Повеќе...

18 победа во ASOBAL лигата за Барса и тоа без многу пот

angel ximenez - barcelona

Анхел Хименез - Барселона 19:39 (10:20)

По трите победи на почетокот на ракометната пролет, ракометарите на Барселона во првиот меч од 18 коло на ASOBAL лигата му гостуваа на Анхел Хименез. Никола Карабатиќ одлично го отвори натпреварот, а со лесни голови на капитенот Виктор Томас и на Гудјон Валур Сигурдсон во 8 минута Барса побегна на 2:5. Со истата инерција шампионот ја полнеше мрежата на Ондаро, а крилата непогрешливо ги користеа головите од транзиција (5:10).

Повеќе...

Лазаров и натаму прв на листата на стрелците

Victor-i-lazarov-e1392162523711

Капитенот на македонската ракометна репрезентација и асот на шпанска Барселона, Кирил Лазаров по девет одиграни кола во групната фаза останува прв стрелец во Лигата на шампионите. Неговите пет гола на мечот со Колдинг Копенхаген ја потврдија одличната прва фаза, која Лазаров и Барса ќе ја завршат наредниот викенд во Истанбул против Бешикташ.

Повеќе...

Барса лесно го „збриша„ Колдинг за прво место во групата

kire vs kolding

Барселона - Колдинг Копенхаген 33:27 (19:11)

По ремито минатата година во Данска, Барселона и Колдинг Копенхаген во „Палау Блауграна„ се бореа за првото место во групата и поповолна позиција пред осминафиналните мечеви. Лазаров го отвори резултатот, но брзо возврати Бо Спелерберг. Првите 10 минути беа целосно израмнети и се играше гол за гол. Лазаров погоди за 4:3, но веднаш реплицираше Ким Андерсон со идентичен гол за 4:4.

Повеќе...

ФОТО: Ракометна еуфорија во Свети Николе

svnikole1

По светското првенство во Катар, ракометна еуфорија ја зафати целата наша земја. И натаму се коментира, анализира направеното во Катар, а најмладите се повеќе се насочуваат кон оваа игра. Така во родниот град на Кирил Лазаров, Свети Николе близу 70 деца започнаа да ги откриваат тајните на ракометната игра.

Повеќе...

Против Швајцарија ќе играме во Сент Гален

dsc 6526

Швајцарската ракометна федерација го одреди Сент Гален за домаќин на претпоследниот меч од квалификациите за европското првенство во Полска наредната година, помеѓу Швајцарија и Македонија. Мечот ќе се игра на 10 јуни од 20:00 часот. Во „Кројблајхе арена„ ретко играат швајцарските црвено-бели, но сега во салата со капацитет од 4.000 гледачи ќе се обидат да му ги помрсат сметките на македонските ракометари.

Повеќе...

Лазаров: „Барселона секогаш беше мојот прв избор„

lazarov

По потпишувањето на новиот двегодишен договор со Барселона, најдобриот стрелец по пролетните натпревари во Лигата на шампионите, Кирил Лазаров за официјалната телевизија на клубот, БАРСА ТВ изјави:

Повеќе...