hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Македонија ја спаси честа и победи против Чиле на простувањето на Наумче Мојсоски

ok-gdansk-2016-makedonija-chile-10.04.2016-6745

Македонската ракометна репрезентација со победа се збогува од Олимпискиот квалификационен турнир, откако го совлада Чиле со 30:27 (17:14) и победата ја посвети за Наумче Мојсоски, кој вечерва со капитенската лента на раката ја заврши репрезентативната кариера.

Повеќе...

Лазаров: Ова е катастрофа, боли затоа што имаме квалитетна репрезентација

kire so tunis

По високиот пораз и испуштената шанса за Рио, разочараноста кај ракометарите и кај македонската јавност е голема. Капитенот Лазаров одново беше најефикасен, но по натпреварот буквално остана без зборови.

Повеќе...

Тунис ни покажа колку сме далеку од Рио

mkd tunis kire

Сонот за Олимпијада на нашата најдобра ракометна репрезентација остана само сон, откако попладнево во Гдањск го загубивме и вториот меч од квалификациите против Тунис со 26:32 (10:17). Тунижаните подобро го почнаа мечот и поведоа со 0:3 со головите на Хосни и Жалуз.

Повеќе...

Лазаров: Ништо не е изгубено, треба да останеме позитивни

kire so polska 2

Капитенот на машката ракометна селекција на Македонија, Кире Лазаров по поразот од Полска на стартот од квалификациите за пласман на ЛОИ во Рио, истакна дека нема простор за паника, и наговести дека добрата игра и резултатите допрва ќе следат.

Повеќе...

Полска ја прочита нашата игра и загубивме на дебито во Гдањск

kire so polska

Полска - Македонија 25:20 (13:9)

Македонската ракометна репрезентација полесно од очекувањата загуби од Полска со 25:20 (13:9) во првиот наш настап на Олимписките квалификации во Гдањск. Најдобриот полски стрелец од последното европско првенство, Микаел Јурецки го отвори резултатот уште во првиот напад. Лијевски од транзиција во 4 минута погоди за 3:1 за момците на Душебаев. Но, нашата реакција ја донесе Дејан Манасков со две пресечени топки за 3:3 во 6. минута.

Повеќе...

Лазаров: Воопшто нема да калкулираме, влегуваме со 100% од силите

mkd - fra 2

Ракометарите на македонската селекција денес го одржаа последниот тренинг пред мечот со Полска на стартот од Олимписките квалификации. Капитенот Кирил Лазаров најавува игра без калкулации и остварување на сонот и пласман во Рио.

Повеќе...

Репрезентативците го одржаа првиот тренинг во „ЕРГО Арената“

lazarov 22

Прв контакт со прекрасната „ЕРГО Арена" за ракометарите на Ивица Обрван пред утрешниот старт на Олимписките квалификации. Започна претпоследниот тренинг, по кој „црвено-жолтите" ќе имаат помалку дилеми пред мечот со Душебаев, Полска и 12.000 домашни навивачи.

Повеќе...

Репрезентативците пристигнаа во Гдањск

reprez

Македонската ракометна репрезентација нешто по 11 часот претпладне пристигна во градот Гдањск каде утре ќе го стартуваат предолимпискиот турнир. По мирниот лет тие пристигнаа во Гдањск каде што од утревечер до недела ќе се играат натпреварите од квалификациите за Олимписките игри во Рио.

Повеќе...

Митревски патува за Гдањск, отпаѓа Дупјачанец

tr 4

Ивица Обрван по последниот тренинг пред заминувањето за Гдањск го соопшти конечниот список пред утрешниот лет. Отпадна голманот на Металург, Даниел Дупјачанец, а меѓу стативите остануваат Борко Ристовски и Никола Митревски.

Повеќе...

Фондацијата „Климент Колески“ партнер на ракометниот камп „Кире Лазаров 7“

fondacija

Две успешни приказни, спортска и хумана, се спојуваат во поддршката на младите и вистинските животни вредности. Ракометниот камп на Кирил Лазаров доби поддршка од Фондацијата „Климент Колески" од Охрид, која ќе го помогне второто издание на спортската школа што ова лето ќе се одржи во Охрид.

Повеќе...