hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров: Гром од ведро небо е што заминува Мукаетов, многу губи македонскиот спорт

kire pres so cile

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров на официјалната прес-конференција ги анализираше нашите втори Олимпискии квалификации, повторно неуспешни по резултатот.

„Дојдовме со цел и не ја остваривме таа цел. Наумче не заслужува ваков крај, тој даде многу за Македонија. Се надевам дека ќе дојде во јуни и ќе се прости како што треба пред македонската публика. Неочекуван неуспех за мене, за кратко време се случија многу работи. Се случи оставката на селекторот, па Жути, Миркуловски, Мојсо и како гром од ведро него нашиот претседател. Цело попладне мислам на таа работа и не бев фокусиран на натпреварот, но се понудив да помогнам ако затреба. Многу мисли имам во својата глава, ќе почекам да се смират работите, па ќе се огласам.

002

Тешко ќе биде ако загубиме човек како Мукаетов. Македонскиот спорт губи многу, голем Македонец е Мукаетов и не гледам правец и насока ако тоа се случи, дека Македонија ќе има светла иднина. Респект за сите гарнитури кои беа претходно, но имавме максимални услови, па пак не го реализиравме зацртаното. Господинот Мукаетов веројат о го погоди неуспехот најмногу и мислам дека не треба да заврши на ваков начин. Ќе размислам дали ќе настапам во иднина. Можам да ветам дека младите нема да ги оставиме на цедило и ќе се обидеме да ги квалификуваме на Светско првенство. Ако треба ќе го молиме Наумче да игра во јуни со Чешка. Ние сме емотивни, преемотивни, можеби треба да бидеме како скандинавците, да загубевме со 20 разлика со Полска, а да го довиевме Тунис", рече капитенот Лазаров.

Кирил Лазаров денес не настапи, но на претходните два натпревари постигна по осум гола на двата први натпревари со Полска и Тунис.

 

ФОТО: Филип Вирановски - www.gol.mk

Share