Марко Копљар неколку недели надвор од терените
Марко Копљар поради повреда ќе отсуствува од терените во наредните 5-6 недели. Копљар го повреди коленото на мечот од шпанскиот шампионат на неговата Барселона против Фригорификос Моразо, кој заврши со победа на Барса со 34:22.
Лазаров и повреден најефикасен, Барса подобра од ПИК Сегедин
Барселона - ПИК Сегедин 30:25 (19:14)
Ракометарите на Барселона направија голем чекор кон пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, со победата во мечот со унгарскиот ПИК Сегедин со 30:25. Одлучувачки за победникот беа последните минути од првиот и првите од вториот дел, откако Барса ја направи потребната разлика за победа. Нашиот Лазаров и Жалуз со по 6 гола без најефикасни и клучни ракометари во победата на каталонскиот клуб.
Кирил Лазаров, заштитно лице на брендот SIGNORI
Најдобриот македонски ракометар и воедно најголемата македонска спортска ѕвезда кај нас и во Европа, Кирил Лазаров, е ново заштитно лице на брендот SIGNORI, првиот македонски бренд создаден за сите мажи кои посветуваат внимание на својот изглед. Капитенот на Македонската Ракометна репрезентација ќе биде претставник на најдобрите рачно изработени одела кај нас, достапни за сите џентелмени, кои сакаат да остават силен впечаток.
Соработката помеѓу тимот на д-р Жан Митрев и кампот„ Кирил Лазаров 7 “ продолжува и оваа година
![]()
Како што беше најавено и лани на официјалното потпишување на договорот помеѓу д-р Жан Митрев како директор на Специјалната болница „Филип Втори" и Кирил Лазаров како заштитно лице на КМГ Спорт агенцијата, меѓусебната соработката продолжува и оваа година. Средбата на ракометарот на Барселона Кирил Лазаров и д-р Жан Митрев се случи непосредно пред заминувањето на капитенот на македонската репрезентација кон исполнување на своите обврски во пролетниот дел од сезоната кон европскиот шампион Барселона.
По рецептот од Монпеље, нова лесна победа за Барселона
Фригорификос Моразо - Барселона 22:34 (7:15)
Гостувањето на жешкиот терен во Кангас требаше да биде сериозен испит за екипата на Барселона, но како и во неделата во Монпеље со вистински пристап, Каталонците не дозволија противникот воопшто да парира во мечот и славеа со 22:34 (7:15). По стартните 2:2, Арињо и Ентрериос за првпат донесоа +2 за гостите.
Тимоти Н' Гесан потпиша тригодишен договор со Барселона
Еден од најталентираните млади ракометари во Еврипа, членот на француски Шамбери, Тимоти Н' Гесан од следната сезона ќе настапува заедно со Кирил Лазаров во Барселона.
Лазаров конечно во идеалниот тим на колото на ЕХФ
![]()
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров е прогласен за најдобар десен бек во 11. коло од Лигата на шампионите и конечно се најде во идеалниот тим на колото на ЕХФ. Десниот бек на Барселона даде 9 гола против Монпеље и беше најзаслужен за победата на европскиот првак.
Барса ја раситна 400-ката со победа и блесок на Лазаров
Барселона вечерва во Монпеље го одигра својот 400 меч во Европа. Првиот против Дуделанж, мечот број 100 против ПИК Сегедин, мечот број 200 против Кил, мечот број 300 против Вардар и денес мечот број 400 против Монпеље.
Нова симултанка на Лазаров, Барса убедливо во домот на Монпелје
Монпеље - Барселона 23:31 (11:15)
Ракометарите на Монпеље како да не ја научија лекцијата од првиот меч во „Палау Блауграна" кога загубија и немаа решение за Кирил Лазаров. Сега се поразени со 23:31 пред своите гледачи во меч во кој доминацијата на Барса беше евидентна од првата до последната минута.
Капитенот Томас доби нов договор во Барселона
Шпанскиот репрезентативец Виктор Томас и во наредните четири години ќе го носи дресот на Барселона. Капитенот потпиша нов договор и ќе биде соиграч на Кирил Лазаров до 2020 година.






