hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Фондацијата „Климент Колески“ партнер на ракометниот камп „Кире Лазаров 7“

fondacija

Две успешни приказни, спортска и хумана, се спојуваат во поддршката на младите и вистинските животни вредности. Ракометниот камп на Кирил Лазаров доби поддршка од Фондацијата „Климент Колески" од Охрид, која ќе го помогне второто издание на спортската школа што ова лето ќе се одржи во Охрид.

Повеќе...

Федерацијата со подршка за ракометарите и подарок за роденденот на Маркоски

r2

Пред синоќешниот вечерен тренинг во салата „Јане Сандански", Претседателот на РФМ Живко Мукаетов и Генералниот секретар Филип Милошевски, ги посетија репрезентативците, при што низ краток работен состанок поразговараа за претстојниот квалификациски турнир за Олимписките игри.

Повеќе...

Промовиран проектот за вториот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

LAZAROV KAMP

Вториот ракометен камп „Кирил Лазаров 7" ќе се одржува на крајот на јуни, а денес на официјална прес-конференција беше промовиран настанот:

Повеќе...

Ракометарите ја започнаа „Операцијата Гдањск“

sobir2

Сениорската машка репрезентација на Македонија синоќа во хотелот „Русија" во Скопје го одржа првиот собир кој го означува стартот на подготовките за Квалификацискиот турнир за ОИ 2016.

Повеќе...

83 победа по ред за Барса во ASOBAL, Лазаров пак во одлична форма

sorondooo

Сиудад Енкантада – Барселона 23:42 (11:19)

Ракометарите на Барселона ја нанижаа и 83 победа во шпанскиот ракомет, откако во Валенсија беа подобри од Сиудад Ентантада со убедливи 23:42. По 11 дена без официјален натпревар, екипата на Чави Пасквал со ново одлично издание на нашиот Кирил Лазаров ја совлада екипата на Сиудад Енкатада со високи +19. По изедначениот почеток, Жалуз и Лазаров со по 4 гола направија разлика и Барса брзо се одлепи на +8. Гонзало на голот собра 7 интервенции во неполно полувреме и Барса на одмор имаше 11:19.

Повеќе...

Завршницата на ракометниот Куп на Кралот во Памплона

catedral

Памплона и Хелветиа Анаитасума ќе бидат организатори на завршниот турнир на Купот на шпанскиот Крал во ракомет на 7 и 8 мај. Ова натпреарување ќе биде последно за сезоната 2015/16. Само нешто повеќе од еднa недела по завршувањето на Лигата на шампионите, каде Барса ја брани титулата, и во Купот на Шпанија ќе се обиде да го повтори ланскиот успех.

Повеќе...

Во Гдањск, Македонија ќе патува и со помош на психолог

manaskov

Во пресрет на квалификациите за пласман на Олимпијадата во Рио 2016, РФМ ангажираше стручен спортски психолог, кој ќе им биде на располагање на македонските репрезентативци во текот на претстојниов поготвителен период. Федерацијата деновиве ги заврши преговорите со еден од најеминентните спортски психолози во регионов, д-р Тања Кајтна, професор на катедрата за спорт при Универзитетот во Љубљана, актуелен Претседател на Здружението на слевенечки психолози и Координатор за спортска психологија при словенечкиот Олимписки комитет.

Повеќе...

Кил надополни против ПИК Сегедин и ќе игра четвртфинале со Барса

kiel - seged

Кил, обезбеди пласман во четвртфиналето, во ракометната Лига на шампиони и им се приклучија на Барселона и ПСЖ, кои директни се пласираа меѓу најдобрите осум во Европа. Токму германскиот тим ќе биде противник на Барселона на Кирил Лазаров во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Кил, во реванш осминафиналниот меч славеше над ПИК Сегедин 36:29, со што ја надополни негативата која ја имаше по мечот во Унгарија 29:33.

Повеќе...

Барса дојде до 83 победа по ред, Лазаров доби ден одмор

arini

Барселона – Синфин 35:23 (19:13)

Ракометарите на Барселона ја забележаа 83 последователна победа во шпанската ASOBAL лига, откако во „Палау Блауграна" ја совладаа екипата на Синфин од Сантандер со 35:23 (19:13). Тренерот на Барса, Чави Пасквал му даде ден одмор на Кирил Лазаров, а по повредата на 17 февруари против Фригорификос Моразо во тимот се врати хрватскиот интернационалец Копљар. Гостите добро го отворија мечот и до 7:7 беа рамноправен противник. Потоа Арињо реализира два контранапади и домаќините заминаа на 13:9. Барса го подигна нивото и ритамот на игра и до полувреме предноста веќе беше +6.

Повеќе...

Познат скратениот список за Олимписките квалификации

mkd1

Селекторот на сениорската машка ракометна репрезентација, Ивица Обрван го соопшти списокот од 20 ракометари, со кои ќе ги започне подготовките за квалификацискиот турнир за ЛОИ во Рио. Од првичниот список од 28 ракометари тој отстрани осум ракометари и костурот на оваа селекција е оној истиот од ЕП во Краков, надополнет со Никола Митревски, Филип Талески и Никола Костески.

Повеќе...