hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса го елиминира Адемар Леон и ќе игра за Куп титулата против Хелветиа Анитасума

ademae

Барселона – Адемар Леон 33:27 (20:12)

Ракометарите на Барселона ќе играат во финалето на Купот на шпанскиот Крал во ракомет, откако во првото полуфинале славеше против Адемар Леон во Памплона со 33:27 (20:12). Одличниот почеток на натпреварот им овозможи на момците на Пасквал со голема леснотија да го завршат мечот и да можат дури и да ги заштедат силите за утрешното финале.

Повеќе...

Лазаров и Барса тргнуваат во нов трофеј во Памплона

barca copa del rey

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров денес и утре тргнува во јубилејниот 50 трофеј во неговата кариера. Веројатно како утеха за елиминацијата од Лигата на шампионите од Кил, Барселона е главен фаворит за освојување на Купот на Кралот кој овој викенд се одржува во Памплона.

Повеќе...

Лазаров на чекор до неверојатно 50 титули во кариерата

kiro49

Освојувањето на ASOBAL лигата е 49 трофеј во кариерата на Кирил Лазаров, а дури 17 национално првенство во неговата богата кариера. Лазаров титули шампион на земјата каде настапувал освојувал цела кариера, а по третпат ја освојува ASOBAL лигата. Јубилејниот 50 трофеј би требало да стигне на почетокот на јуни на завршниот турнир на Купот на Кралот.

Повеќе...

Барселона ја освои ASOBAL лигата по 23 пат

barca campeon

Ракометарите на Барселона ја освоија титулата прва на ASOBAL лигата, откако по поразот на Натурхаус Ла Роха од Адемар Леон со 29-28 на пет кола до крајот, нема ни теоретска можност некој да ја стигне каталонската „машина". Практично во исто време кога Барса беше елиминирана од Европа од германскиот Кил стигна домашниот трофеј, кој беше извесен со оглед на тоа што екипата на Пасквал веќе трета година не знае за пораз.

Повеќе...

Кил ја елиминира Барселона и Европа ќе добие нов владетел

barca - kiel 4

Барселона - Кил 33:30 (13:14)

Првакот на Германија Кил е третиот патник на „фајнал-фор" во Лигата на шампионите во ракомет, откако го елиминира европскиот првак Барселона на Кирил Лазаров. Во возвратниот меч кој го водеа македонските судии Николов и Начевски, Барса забележа победа од 33:30 (13:14) , но по поразот од +5 во „Шпаркасе арена" нема да може да го брани трофејот во Келн.

Повеќе...

Лазаров и пет вардарци во изборот за тим на сезоната во ЛШ

EHFcl Vardar-Barcelona-67861

Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров, уште четворица ракометари на Вардар и тренерот Раул Гонзалез се номинирани во изборот за тим на сезоната во ракометната Лига на шампион. Лазаров скоро секоја година е дел од овој избор, а вардарци со исклучок на Штербик се новајлии.

Повеќе...

ВИДЕО: Цепелинот на Лазаров и Сигурдсон - блесок на четвртфиналето на ЛШ!

lazarov cepelin

Европскиот првак Барселона целосно потфрли во „Шпаркасе арената" во Кил и загуби со 29:24 од германскиот првак. Но, потегот на натпреварот е дело на Кире Лазаров и Гудјон Валур Сигурдсон.

Повеќе...

„Зебрите“ со предност од 5 гола доаѓаат во Барселона следниот викенд

kiel 2

Кил - Барселона 29:24 (16:12)

И без неколку стандардни првотимци Кил ја совлада Барселона со 29:24 (16:12) во првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Во мечот на екипите кои најчесто триумфирале во Лигата на шампионите „зебрите" покажаа подобра подготвеност во сите фази и му нанесоа неочекуван пораз на Каталонците. Мечот започна со брз ритам и со голови кои паѓаат по само 15-20 секунди од нападот. Така по наизменична серија на двете екипи по 12 минути игра резултатот гласеше 6:6 со четири изедначувања.

Повеќе...

Живко Мукаетов останува претседател на РФМ

mukaetov 2

Живко Мукаетов останува и натаму прв човек на ракометната федерација на Македонија. На денешниот состанок на УО на федерацијата беше избришана точката за разгледување на оставката која Мукаетов ја поднесе по неуспехот во Гдањск по квалификациите за пласман на Олимпијадата во Рио ова лето.

Повеќе...

Драган Ѓукиќ е првиот гостин на кампот „Кирил Лазаров 7“

Dragan-OI

Бившиот селектор на македонската ракометна репрезентација и човек со Master coach тренерска лиценца, Драган Ѓукиќ ќе биде гостин на второто издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7" кој како и минатата година и оваа ќе се одржи во Охрид во месец јуни.

Повеќе...