Магично второ полувреме на Полска и голема „коцкеста„ победа
Два фантастични натпревари ја одбележаа првата половина од денешната програма, која ги затвора прелиминарните групи на европското првенство. Подмладената Полска на Михаел Биглер се надмина себе си и со серија од 10:2 на почетокот на второто полувреме од - 4, се доведе во ситуација комотно да го приведе мечот со Русија кон крај.А момците на Олег Кулешов одиграа перфектно прво полувреме. 40 годишниот Левшов бранеше фантастично, а Атман разигруваше и погодуваше во ист момент.
ФОТО: Лазаров ги пречека клубските другари во Хернинг
Трите репрезентации кои ги освоија првите три места во Б групата која се играше во Алборг од утринава се во Хернинг. Шпанија, Унгарија и Исланд направија преместување по шест дена во Алборг и надежта на секоја од оваа селекција е што е можно подолго да остане во градот каде ќе се играат завршните натпревари.
ВИДЕО: Како е кога Борко „ќе ја спушти ролетната„
19 интервенции и плус онаа последната клучна, но откако истече времето за напад на австријците, го прават Борко Ристовски наш херој од мечот со Австрија.
ВИДЕО: Вилбек: „Мојсоски ви недостига, Чешка потрфли со Австрија„
Еден од најценетите тренери во светот на ракометот Улрик Вилбек веднаш по завршувањето на првата групна фаза на европското првенство ја анализираше нашата група во Хернинг и крајниот исход. Тој добро знае дека со исклучок на неговата репрезентација сите останати беа многу слични по квалитет:
ВИДЕО: Ангеловски: „И во собите го подготвувавме овој меч„
Ракометарот со најмногу настапи од учесниците на европското првенство и пред мечот беше непоправлив оптимист дека сме подобар противник од Австрија и покрај нивниот напредок и нашите изостаноци, остана на својот став и по мечот. Тој и кога противникот го сврте резултатот не губеше надеж и пресвртот пристигна:
Сите три меча Македонија ќе ги игра од 16 часот
Сите три натпревари од втората фаза Македонија ќе ги игра во терминот од 16:00 часот во „Јуске Банк Боксен„ арената. Прв противник на „црвено-жолтите„ во вториот круг ќе и биде Унгарија, натпреварот се игра во Хернинг, а стартот е закажан за 16 часот. Во второто коло на 20-ти јануари, Македонија се соочува со Исланд, меч што почнува исто така во 16 часот додека во последната рунда играме со Шпанија.
ВИДЕО: Ристовски: „Беше исцрпувачко, ова веќе е голем успех„
Кога најмногу требаше и сите го прозиваа, Борко Ристовски одговори на предизвикот и одигра легендарни 60 минути против Австрија, без кои сигурно немаше ни да помислиме на победа, а камо ли да ја издвојуваме. Логично по мечот сите погледи беа свртени кон него, неговата подготовка за мечот, мотивацијата и деталното скаутирање на секој од австриските ракометари:
Јоноски: „Пресреќен сум, едвај го поднесов последниот напад„
Еден од неуморните борци во играта во одбрана Ацо Јоноски едвај го дочека крајот да го прослави големиот успех со соиграчите кои заеднички го создадоа во текот на овие денови во Данска. Јоноски призна дека низ него поминале големи емоции во последните моменти од мечот
Пецаковски: „Инфаркт победата е уште послатка„
Битолчанецот Дејан Пецаковски за прв пат игра на големо натптреварување и знае дека искуството од ваквите турнири е немерливо. Сепак задоволството по остварената цел беше поголемо од тактичко-техничките детали по натпреварот. Драматиката како да е наше второ име и никој не памети кога последен пат сме играле важен меч, а да не решава една топка или еден напад „Навистина не знам што би кажал, пресреќен сум.
ФОТО: Славјето од соблекувалната ја обиколи Македонија
Конечно успеавме да забележиме една голема победа и затоа радоста низ цела Македонија е неизмерна. Замислете како им е на ракометарите на кои им падна „камен„ од срце и успеаа да им наметнат комплекс на австријците со трета победа во исто толку меѓусебни соочувања на официјалните средби.